Контраспин: Очекувано е да се стави клуч на банка која подолг период работи лошо
Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард Банка, што се случи неодамна, предзвика бран од најразлични коментари во земјата. Имаше и партиски извори на оценки на оваа ситуација кога од „мапата на финансиски организации“ се брише еден познат бренд. Со своето често јавување, челниците на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во очи со постојаниот обид вината да му се натовари на ниниот политички противник
Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард Банка, што се случи неодамна, предзвика бран од најразлични коментари во земјата. Имаше и партиски извори на оценки на оваа ситуација кога од „мапата на финансиски организации“ се брише еден познат бренд. Со своето често јавување, челниците на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во очи со постојаниот обид вината да му се натовари на ниниот политички противник
Пишува: Љубомир Костовски
Според брифирањето на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за пропаста на Еуростандард Банка виновна е владејачката партија и институциите кои, наводно, таа ги контролира. На сето тоа му се дава и една хронолошка „фуснота“, која треба да значи дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт банките не пропаѓаат и обратно – тоа се случува кога тие како партија не одговараат во голема мерка за состојбите во општеството!
Спин: Секогаш кога е СДСМ на власт пропаѓаат банки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Зошто НБРМ го одбила барањето на Еуростандард за воведување на администрација? Со што се забрзало пропаѓањето на банката? Прашуваат денеска од опозициската партија.
Во продолжение на ваквите обвинувања Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека:
Државава во својата триесет годишна историја зад себе има неколку големи банки кои пропаднаа и сите за време на владите на СДСМ или гувернери на НБРМ поставени од СДСМ, како што е пропаста на Алмако банка, ТАТ, Експорт Импорт банка, Македонска банка, Радо Банка, Југо банка, штедилниците ТАТ, Алфа С, Лавци. А во оваа неславна статистика од пред два дена се впишува и Еуростандард банка.
Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови.
[Извори: 24 Вести и веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ ; датум:16.08.2020]
Конраспин: Во однос на ваквото толкување на работите очевидно постои намера да се збуни јавноста во однос на законските и уставни поставености на работите во однос на контролата на банкарството. Основната позиција за контрола на работењето на банките во нашиот систем ја има Народната банка. Така било и порано и сега. И овој пат одлуката е на Народната банка, како и мерките кои биле преземани и претходно во месеците и годините пред конечната одлука. Вистински стручни забелешки за одлуката на централната банка во однос на Еуростандард банка нема!
Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка’ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.
Знаејќи ја ситуацијата во Еуростандард банка АД – Скопје во изминатите години, тој во изјавата за МИА, вели дека е јасно оти Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во оваа комерцијална банка.
Со одземањето на дозволата за работење на Еуростандард банка, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.
Богов своевремено беше предложен на гувернерската позиција од пртседателот Ѓорѓе Иванов, а избран од Парламентот каде мнозинство имаше ВМРО-ДПМНЕ Тој има доволно сознанија за финансиските состојби на банките, па и на Еуростандард (беше на фунцијата во периодот 2011- 2018). Негова е оценката дека:
За жал и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со Еуростандард банка и да го намалат нивото на лошите кредити.
Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот, кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити. Низ годините, вели тој, Народната банка ги преземала сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките.
Тврдењето за тоа дека затворањето на банките има партиска обоеност е, значи класичен спин, кој се користи во дневно-политички ефекти. Впрочем, многу банки од погоре споменатите (Радо Банка, Експорт-Импорт Банка, Македонска Банка), навистина ги се затворија додека гувернер беше Петар Гошев (2004 – 2011), но само затоа што во претходните периоди во нашето банкарство владеше хаос во оваа сфера, а ја создадоа владите кои во меѓувреме имаа најоглемо влијание врз економските политики, пред сѐ, оние во кои премиер беше Љубчо Георгиевски додека министер за финансии, на пример, беше и еден од следните премиери – Никола Груиевски!
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар