Контраспин: Штетата врз ДКСК од случајот Димитровска е еднаква на штетата врз СЈО од случајот Јанева

Фото: ДКСК/веб

Секој човек е невин додека не се докаже спротивното, ама некои луѓе сакаат да бидат невини малку повеќе од други луѓе. Отприлика вака може да се опише состојбата во Државната комисија за спречување корупцијата која е одраз на нејзиното соопштение од 28.04.2025 г.. Случајот на осомничената претседателка на ова тело, дури и без оглед дали ќе се потврди во обвинение и судење, веќе ѝ нанесе штета на ДКСК, како што на СЈО и на целата борба против организираниот криминал и корупција и нанесе штета случајот со Катица Јанева

Секој човек е невин додека не се докаже спротивното, ама некои луѓе сакаат да бидат невини малку повеќе од други луѓе. Отприлика вака може да се опише состојбата во Државната комисија за спречување корупцијата која е одраз на нејзиното соопштение од 28.04.2025 г.. Случајот на осомничената претседателка на ова тело, дури и без оглед дали ќе се потврди во обвинение и судење, веќе ѝ нанесе штета на ДКСК, како што на СЈО и на целата борба против организираниот криминал и корупција и нанесе штета случајот со Катица Јанева

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Во соопштение издадено од ДКСК поврзано со осомничената претседателка Татјана Димитровска може да се најдат делови каде што има спин:

Спин: Следејќи ги последните случувања, Државната комисија би сакала да ја увери јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.

Државната комисија како институција продолжува да работи независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат.

Државната комисија продолжува да ги спроведува своите тековни активности и обврски, а нејзината мисија за превенција и борба против корупцијата на сите нивоа останува непроменета и посилна од било кога.

Државната комисија уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност.

Свесни сме за важноста и значењето на довербата од јавноста. Затоа ќе продолжиме да работиме со највисока транспарентност и да соработуваме со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во  рамките на ДКСК.

[Извор: ДКСК – Соопштение/веб;Датум –28.04.2025]

 

Контраспин: Секој човек е невин додека не се докаже спротивното, ама некои луѓе сакаат да бидат невини малку повеќе од други луѓе. Отприлика вака може да се опише состојбата во Државната комисија за спречување корупцијата (ДКСК), која е одраз на нејзиното соопштение од 28.04.2025 г.. Особено во делот каде што Државната комисија вели дека продолжува да ги спроведува своите тековни активности и обврски, „а нејзината мисија за превенција и борба против корупцијата на сите нивоа останува непроменета и посилна од било кога“, но и во пораката за посветеноста, при што „Државната комисија уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност“.

Напротив. Извртување на вистината е дека утврдувањето на кривична одговорност на претседателката на ДКСК, којашто сега е само осомничена, не ја поткопува институционалната и колективна посветеност на Комисијата, а особено мисијата за превенција и борба против корупцијата.

Јавноста, а и членовите на Комисијата може да се присетат на 2019 г. и на тоа каков беше шокот во општеството кога некогашниот прв човек на СЈО  Катица Јанева беше уапсена под сомнение, а потоа и правосилно осудена во корупциски случај. И тогаш во СЈО имаше десетина обвинители кои посветено работеа на случаите што се водеа со години, дури и по формалното згаснување на СЈО во 2020 г.. Но, бламот на Катица не само што ги засени сите дваесетина случаи што ги поднесоа до судовите и од кои некои завршија со правосилни пресуди, туку фрли сенка и врз целиот труд или интегритет на обвинителите и истражителите што работеле во СЈО, иако голем дел од нив вложиле натчовечки напори да се стигнат кратките рокови што беа определени со посебниот закон.

Но уште пострашно, како со гумичка за молив на бел лист хартија, случајот на Катица ја избриша надежта во општеството дека некој, макар и со посебни овластувања може да се справи во борбата со организираниот криминал и корупцијата во земјата.

Ете такво, горе-долу, е чувството што може да се „намириса“ во општеството околу самата институција ДКСК, по отворање на случајот со нејзината претседателка. Оттаму, дури и надвор од законските процедури кои се неспорни и кои упатуваат што треба да се направи, независно од поднесената или неподнесената оставка на претседателката, да се тврди дека „мисија за превенција и борба против корупцијата на сите нивоа останува непроменета и посилна од било кога“, како и дека истрагата за индивидуална одговорност „не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност“, е ништо друго туку спин.

ДКСК којашто „изникна од пепел“ со новиот закон во 2019 година и тогаш новиот, на посебен начин избран состав на Комисијата и кој со работата го врати угледот и надежта и кај граѓаните, а и на позитивната перцепција на РСМ кон Европа и светот – сега одново треба да ги изоди тие чекори, а тоа може да трае со години.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција