Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ измислува „фашистички“ анти-ковид мерки во предизборно додворување кон антиваксерите

Фото: Принтскрин видео

Премногу често и премногу лесно ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со термините „фашизам, фашисти, фашистички, фашизоидни… Каква врска има фашизмот како радикална, авторитарна политичка идеологија со елементи на нацизам, милитаризам, антилиберализам, со мерките кои се воведоа за спречување на ширењето на заразта со коронавирусот? Се разбира дека нема ама баш никаква поврзаност. ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави од популистички побуди за да ги навреди и дисквалификува  своите политички противници пред локалните избори. И, ако овие од власта се „фашисти“, значи ли тоа дека од опозицијата се „антифашисти“?! Просто неверојатно каква поделба на улогите се направи сред пандемија која досега однесе над 5.500 животи. Истата партија која во изминатиот период  фрлаше „дрвја и камења“ по Филипче дека нема вакцини, сега прилично отворено застана зад антиваксерскиот протест

Премногу често и премногу лесно ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со термините – фашизам, фашисти, фашистички, фашизоидни… Каква врска има фашизмот како радикална, авторитарна политичка идеологија што содржи елементи на нацизам, милитаризам и антилиберализам со мерките кои се воведоа за спречување на ширењето на заразата со коронавирусот? Се разбира дека нема ама баш никаква поврзаност. ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави од популистички побуди за да ги навреди и дисквалификува  своите политички противници пред локалните избори. И, ако овие од власта се „фашисти“, значи ли тоа дека од опозицијата се „антифашисти“?! Просто неверојатно каква поделба на улогите се направи сред пандемија, која досега однесе над 5.500 животи во земјава. Истата партија која во изминатиот период  фрлаше „дрвја и камења“ по Филипче дека нема вакцини, сега прилично отворено застана зад антиваксерскиот протест

 

Пишува: Оливера Војновска

 

По антиваксерскиот протест против новите мерки со кои се ограничува влезот за невакцинираните во угостителските објекти и настаните во затворен простор, ВМРО-ДПМНЕ излезе со следното соопштение во кое го искажа следниот спин:

Спин: Народот го крена гласот, излезе на улица против Заев и Филипче со што докажа дека мерките за корона се фашистички.

Народот крена глас против  Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки.

Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите.

Народот пак воопшто не го слушаат!

[Извор: Официјална веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ;  датум: 16.08.2021]

 

Контраспин: Протестот под мотото „Стоп за присилната вакцинација“, на кој докторите беа исвиркани и наречени „убијци“, а новинарите платеници, на кој се сечеа маски, имаше повици да се кинат флаерите  за носење маски и држење дистанца од два метра, за ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека мерките за корона се фашистички“. 

После овој антиваксерски протест , на кој се говореше дека вирусот не постои, дека пандемијата е измислена и е резултат на заговорнички сценарија и мрачни сили, а нашиот живот е во божји раце, најголемата опозициска партија спинувајќи ја вистината воскликна:

Народот крена глас против  Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки.

„ФАШИСТИ“ И „АНТИФАШИСТИ“

Само, некако премногу често и премногу лесно ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со термините „фашизам, фашисти, фашистички, фашизоидни… Каква врска има  фашизмот како радикална, авторитарна политичка идеологија со елементи на нацизам, милитаризам, антилиберализам и фашистичкото движење, кое се појавило во Италија во 1919 година и владеело со земјата од 1922 до 1943 година под водството на Бенито Мусолини, со мерките кои се воведоа за спречување на ширењето на заразата со коронавирусот?

Се разбира дека нема ама баш никаква поврзаност. Намерно се користи поимот „фашизам“ за да се нападне политиката на власта како репресивна и целиот систем на владеење да се етикетира како режим. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави од популистички побуди за да ги навреди и дисквалификува своите политички противници пред локалните избори.

И што сега, ако овие од власта се „фашисти“, значи ли тоа дека оние од опозицијата се „антфашисти“?! Просто неверојатно каква поделба на улогите се направи сред пандемија, која досега однесе над 5.500 животи.

 

„ДРВЈА И КАМЕЊА“ ДЕКА НЕМА ВАКЦИНИ, ПА АПЛАУЗ ЗА АНТИВАКСЕРИТЕ

Истата партија која во изминатиот период  фрлаше „дрвја и камења“ по министерот за здравство, Венко Филипче дека нема вакцини, сега прилично отворено застана зад антиваксерскиот протест. Има купишта пресови и соопштенија преку кои ВМРО-ДПМНЕ изминатите месеци го критикуваше Филипче за доцнењето на вакцините. Тука ќе пососчиме само дел од нив:

Но, кога ВМРО-ДПМНЕ ја говорше вистината? Кога го напаѓаше  министерот дека „светот стекнува имунитет, а во земјава нема вакцини“ или сега, на два месеца пред избори, кога купува политички поени и од чисто прагматични причини застана во одбрана на антиваксерскиот протест „Стоп за присилната вакцинација“?

 

ВАКЦИНАЦИЈАТА НЕ Е ПРИСИЛНА

Иако вакцинацијата воопшто не е присилна, туку доброволна. Ако некој не сака да се вакцинира – не мора, никој не го тера со сила. Ама, има нешто што се вика свест и однос кон јавното здравје и заедницата. А, секоја цивилизирана држава е должна да го заштити колективното здравје на граѓаните и токму затоа се тие рестриктивни мерки. Да го амортизираат ударот од делта сојот на коронавирусот, којшто веќе зема замав во Скопје и во другите општини како Тетово, Гостивар, Куманово, Дебар, Струга, каде болниците се преполни со тешко болни пациенти.

Впрочем, рестрикциите не се наш македонски изум, слични па и построги мерки претходно донесоа повеќе европски земји, САД, а некаде има и карантин – Австралија и Нов Зеланд.

Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ не гледа како од заразата се штитат државите во светот, туку ѝ бодат очи фашистичките мерки“, кај нас  и затоа во име на демократијата мора да го брани „уставно загарантираното право на оние кои не сакаат да се вакцинираат да не бидат дискриминирани“.

Арно ама, истиот тој Устав води сметка за здравјето на популацијата и во член 27 вели дека:

        Секој граѓанин на Република Северна Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.

Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.

Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.

А во член 39  посочува:

На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Во Законот за заштита на населението од заразни болести, пак, е наведено дека:

Секој има право на заштита од заразни болести и обврска да се заштити себеси
и другите од заразување. (Член 4)

Значи, не е дека нема правни механизми за воведување рестриктивни мерки кога е во прашање заштитата на колективното здравје, кога треба да се спречи ширењето на болеста и кога може да се загрози нечиј живот.

Па, зарем партијата која претендира да дојде на власта не би го заштитила здравјето населението? Би го оставила нивниот живот  во „божји раце“ – како што порачуваа антиваксерите. Или, тогаш веќе би пеела друга песна!  А, во меѓувреме ќе спинува, предизборно ќе им аплаудира на антиваксерите и ќе измислува „фашизам“ таму каде што го нема.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција