Контраспин: Евроинтеграцијата сепак е апстрактна цел доколку не започнат преговорите
Доволно добро е јасно дека треба да ги исполниме условите од кластерите, поглавјата и се друго што подразбира постигнување усогласеност со европското законодавство со цел да се применат и да се живеат европските вредности. Но тоа не значи дека преку остварување на Реформската агенда сме чекор до остварување на нашата иднина во ЕУ. Бидејќи во целост – 100 проценти да ја исполниме Агендата, ЕУ ќе остане далечна апстрактна иднина доколку не започнат конкретни преговори кластер по кластер. A неизвесноста дали ќе започнат зависи од неизвесноста поврзана со промената на Уставот и со преговарачката рамка, како и со билатералните односи со Бугарија
Доволно добро е јасно дека треба да ги исполниме условите од кластерите, поглавјата и сè друго што подразбира постигнување усогласеност со европското законодавство со цел да се применат и да се живеат европските вредности. Но, тоа не значи дека преку остварување на Реформската агенда сме чекор до остварување на нашата иднина во ЕУ. Бидејќи во целост – 100 проценти да ја исполниме Агендата, ЕУ ќе остане далечна апстрактна иднина доколку не започнат конкретни преговори кластер по кластер. A неизвесноста дали ќе започнат зависи од неизвесноста поврзана со промената на Уставот и со преговарачката рамка, како и со билатералните односи со Бугарија
Пишува: Теофил Блажевски
Зборувајќи на дебата во Собранието посветена на Реформската агенда на патот кон ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани во еден дел изрече спин:
Спин: Кога последен пат се обратив овде, пред Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија, истакнав дека има моменти во историјата што не се дефинирани само од нашата решеност, туку и од храброста и визијата на нашите партнери. Денес, пред вас, чуварите на законодавната моќ, ја повторувам таа порака. Нашата иднина во Европа не е некоја апстрактна цел на далечниот хоризонт; тоа е реалност што ја создаваме, ден по ден, преку нашата заедничка посветеност…
[Влада на РСМ/веб: Муртезани/говор – Дaтум: 22.04.2025]
Контраспин: Министерот за европски прашања Орхан Муртезани очигледно со најдобра намера да појасни зошто ни е потребна Реформската агенда, сепак изрече извртување на вистината кога вели дека нашата иднина во Европа не била апстрактна цел на далечен хоризонт, а таа е токму тоа доколку не започнат конкретните преговори.
Имено, доволно добро е јасно дека треба да ги исполниме условите од кластерите, поглавјата и сè друго што подразбира постигнување усогласеност со европското законодавство со цел да се применат и да се живеат европските вредности, кои некогаш се и преценети од аспект дека ниту самата ЕУ не ги применува во целост во сите земји членки. (На пример, дали во сите земји членки се применува европската вредност обединети преку различностите?).
Исто така, доволно добро е јасно во јавноста дека владеењето на правото, борбата со корупцијата, слободата на пазарот лишена од елементи какви што се злоупотребата на таа иста слобода, монополско договарање или корумпирање на оние што ги носат одлуките, борбата за право на чиста животна средина или борбата за спречување на дискриминацијата по која било основа…се и животна потреба на граѓаните на земјата не само поради ЕУ, туку поради нас.
Но, тоа не значи дека преку остварување на Реформска агенда сме чекор до остварување на нашата иднина во ЕУ којашто ја градиме ден по ден, како што вели Муртезани. Исто како што лидерот на опозицијата Венко Филипче, говорејќи на истиот настан вели дека на сите им било познато зошто сме дале премногу жртви, а не сме постигнале којзнае какви резултати – а тоа не е баш така, бидејќи СДСМ тука се апстрахира од дел од својата вина – така е и со спинот на Муртезани.
Бидејќи во целост – 100 проценти да ја исполниме Агендата, ЕУ ќе остане далечна апстрактна иднина доколку не започнат конкретни преговори. Сосема друго е прашањето зошто претходната влада потпишала таква преговарачка рамка, дали ЕУ може или не може да даде гаранција дека билатерални прашања нема да го кочат нашиот процес во иднина или дали може или не може да ја смени преговарачката рамка, барем во делот на протоколите меѓу македонската и бугарската влада.
Значи, ЕУ ќе остане далечна апстрактна иднина доколку не започнат конкретни преговори кластер по кластер. A неизвесноста дали ќе започнат зависи од неизвесноста поврзана со промената на Уставот и со преговарачката рамка, како и со билатералните односи со Бугарија.
Поради овие причини делот од говорот на Муртезани каде што тој тврди дека ЕУ интеграцијата не е далечна и апстрактна цел може да се оцени како спин.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар