Конвулзиите од кои страда оваа девојка не се последица од вакцина против ковид-19

Објава на Фејсбук преку видео материјал презентира несакани рекации од вакцина – конвулзии/фебрилни напади, без да наведе точно за која вакцина станува збор. Видеото датира од мај 2019 година, значи пред пандемијата со коронавирусот,  така што сигурно е дека не е во прашање реакција на актуелните вакцини против ковид-19. И токму со пропуштање да се наведе оваа информација, односно со изместување на контекстот на видео материјалот, се наведуваат граѓаните да помислат дека ваквата реакција е последица на вакцината против коронавирусот, што не е точно

Објава на Фејсбук преку видео материјал презентира несакани рекации од вакцина – конвулзии/фебрилни напади, без да наведе точно за која вакцина станува збор. Видеото датира од мај 2019 година, значи пред пандемијата со коронавирусот,  така што сигурно е дека не е во прашање реакција на актуелните вакцини против ковид-19. И токму со пропуштање да се наведе оваа информација, односно со изместување на контекстот на видео материјалот, се наведуваат граѓаните да помислат дека ваквата реакција е последица на вакцината против коронавирусот, што не е точно

 

Во пост на Фејсбук, во кој е споделен видеоматеријал за несакани последици од вакцинација, се премолчува дека не станува збор за вакцина против ковид-19 и на таков начин, никаде не кажувајќи дека се работи за реакција на друга вакцина, се изместува контекстот на видеото и се наведуваат корисниците на заклучок дека вакцината против ковид-19 ќе им даде последици какви што се претставени на видеото.

Во постот што го рецензираме, сатирично се користи и зборот ,,ваксајнс” за начинот на којшто премиерот Зоран Заев го изговори овој збор на панел на Атланскиот совет, зборувајќи за тоа дека земјава направила договори со различни производители за набавка на вакцини против ковид-19. Инаку, сатирични содржини за тоа како премиерот го изговори овој збор на интернет има многу. 

Со самата употреба на ,,ваксајнс” во контекст на постот што е предмет на оваа рецензија, може да се наведе јавноста на заклучок дека се работи за ковид-19 вакцини! Исто така, се споменуваат и нови соеви на вируси, а јавноста деновиве е преплавена со информации за јужноафриканскиот и британскиот сој на коронавируост. Сето ова наведува на помисла дека на споделениот видеоматеријал има врска со коронавирусот.

Во постот се тврди:

ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД „ВАКЦИНИ” – ОТРОВ.

▪︎ Дали некои од медиумите ви кажаа за последиците од ваксајнс???
▪︎ Освен што слушате за некакви нови соеви на вируси без никаков научен доказ, дали сте виделе трајно осакатените млади луѓе, без трунка надеж за нормален живот после ваксајнс???
▪︎ Ова нема ниту вашите лекари да ви го кажат, верувајќи дека е нормална појава после ваксајнс, како минорни случаи.
ДАЛИ ПОСЛЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, ГОДИНИ НЕМА ДА ВИ СЕ СЛУЧИ И ВАС???
КОЈ ВИ ГАРАНТИРА ОСВЕН ВАШИОТ ПОТПИС???
Со оглед на тоа што се наоѓаме насред ковид-пандемија, а во описот на видео материјалот не е наведено за која вакцина е несаканата реакција, станува збор за манипулација која се врши преку изоставување на важни информации за правилно сфаќање на постот. Со самото тоа што се изоставува да се информира за која вакцина е реакцијата, се манипулира со јавното мислење. Споделениот видео материјалот е од постар датум, односно датира пред појавата на пандемијата со ковид-19.
На видеото се наоѓа Анџелик Буско, девојка од Онтарио, Канада. Таа има и Јутјуб канал насловен ,,Моето патешествие да живеам без конвулзии”.
На 30 мај 2019 година, кога во светот сè уште немаше ниту пандемија со коронавирусот, а уште помалку вакцина против коронавирусот, Анџелик Буско објавува воведно видео на кое се наоѓа со нејзината мајка, а на кое објаснува како почнале да се случуваат нејзините конвулзии (фебрилни напади – од покачена температура).
Во ова воведно видео, објаснувам како почнаа моите конвулзии. Тие почнаа откако се вакцинирав за училиште. Оттогаш се борам со конвулзиите и навистина работам многу напорно за да ги немам, со детоксикација, со вежбање, здрава исхрана и кетогенска исхрана. Се надевам дека еден ден ќе се излекувам. Дотогаш се надевам дека некому ќе му помогнам и дека вие може да ми помогнете со совети како да го надминам ова, вели Буско во описот под нејзиното воведно видео.
Објаснувањето на самата Буско и нејзината мајка се дека таа примила неколку вакцини, кои немало потреба да ги прими, покрај вакцината за која имало налог да ја прими, против менингокока (1:00-1:10 мин. од видеото). 
Значи, ти дадоа погрешна вакцина, на 5 март ти дадоа дитападол, потоа ти дадоа ДТ полио на 22 март и ти ја дадоа онаа за која рекоа дека ти треба, вели мајката на девојката.  (0,58-1,07 мин.)
„Единствено рекоа дека ми треба оваа вакцина“, вели Анџелик Буско на видео материјалот и покажува на лист хартија на вакцина против менингокока, Men C ACYW 135. (1:13 мин.)
Еден месец откако ги добив овие вакцини ми беше лошо, имав температура, се препотував, имав главоболка. Ги пропуштив часовите во април на училиште, и во март. Кога конечно ми беше добро да се вратам на работа и во училиште, почнав да гледам светли точки. Како кога ќе погледнете во сонцето и потоа гледате светли точки. Кога ќе седев на час, одеднаш ќе почувствував енергија во моето тело на 15 минути. Еден ден на работа, ми се слоши. Паднав и тогаш ја имав првата конвулзија. Викнаа итна помош. Не се сеќавам на ништо, освен дека ме изнесоа на количка од градинката каде работев и како се разбудив во болница. Во болница ме тестираа, но не најдоа ништо и ме пратија дома, мислејќи дека ова е последица од високата температура. За две недели пак имав конвулзија. Ми дадоа лекарства кои не ми помогнаа, објаснува девојката.(1,15- 4,43 мин.)
Оттука, со оглед на тоа што ова видео, во кое се опишани нејзините конвулзии, е објавено во 2019 година во мај, кога немаше ковид-19, а уште помалку вакцини за оваа болест, сигурно е дека ова не е реакција на актуелните вакцини против коронавирусот.
И токму со пропуштање да се наведе оваа информација, односно со изместување на контекстот од видеоматеријалот, се наведуваат корисниците да помислат дека ваквата реакција е последица на вакцината против коронавирусот, што не е точно.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција