Коректна информација, упропастена со тенденциозен наслов

[Рецензија: ПАК МУ СЛУГУВААТ НА ЗАЕВ: Зависните пратеници со поддршка за планот на СДСМ]

Насловот нa написот што е предмет на оваа рецензија не соодветствува со содржината на самиот напис. Тој е манипулативен и има за цел да ги дискредитира пратениците од независната парламентрана група на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до оригиналниот напис: ПАК МУ СЛУГУВААТ НА ЗАЕВ: Зависните пратеници со поддршка за планот на СДСМ

Датум и време на објавување: 22.04.2020

Датум на рецензирање: 27.04.2020

Рецензент: Дрилон Салиу

Содржинскиот дел на овој напис е коректен, станува збор за преземен текст од друг медиум. Во текстот се пренесува реакција на пратеничката од независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Нора Исмајловска-Старова, на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

И овој дел од написот  е во ред, но потоа тој е упропастен со тенденциозен наслов. Имено, изјавата во која споменатата пратеничка образложува дека поддршката на иницијативата  на СДСМ за свикување на Собранието е поради вонредната ситуација во државата и сосотојбите со епидемијата од Ковид 19, намерно е врамена со манипулативна насловна конструкција: „ПАК МУ СЛУГУВААТ НА ЗАЕВ: Зависните пратеници со поддршка за планот на СДСМ“

Неспорно, е дека овие пратенци дадоа поддршка за иницијативата на СДСМ, ама насловот е исфорсиран и има за цел да ги дискредитира споменатите пратеници и токму затоа корист термини како „слугуваат” и „зависни”.

Доколку се имало професионален пристап сигурно дека можело да се најде информативен наслов, а најдобар доказ за тоа е изворот од каде што е преземена информацијата, каде насловот произлегува од изјавата на пратеничката:

Исмајловска-Старова: Пратениците кои сметаат дека се поранешни и не поддржуваат свикување на Собранието, да ги вратат платите

Исто така,  доколку се сметало дека ваквиот политички чин е несоодветен, тоа секако можело да се аргументира на поинаков начин. Ама, наместо напорите да се вложат во давање на едно коректно образложение во содржинскиот дел на текстот и проширување на преземената информација (ако некој оценил дека има потреба од такво нешто), одбрано е да се користи навредлив тон во насловот. Знаејќи, дека често се случува читателите да го прочитаат само насловот и да извлечат заклучоци  без воопшто да „ѕирнат“ во содржината.

Но, ваквиот пристап на пласирање на информациите е во спротивност со новинарските стандарди (Универзитет „Колумбија“ САД), кои дефинираат што треба да поседува еден наслов за да биде коректен:

  • да биде точен;
  • да биде лесно разбирлив;
  • да привлекува внимание;
  • да соодветствува на тонот во написот.

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција