Коронавирусот не се фрла од авиони, а вакцините не предизвикуваат еутаназија и стерилитет

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Коронавирусот е респираторен вирус, за првпат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Научно е докажано дека тој се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење. Така што,  невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион, како што тврди постот, туку настанува со близок контакт со инфицирано лице. Исто така, нема никакви докази дека вакцините предизвикуваат еутаназија односно дека убиваат луѓе, ниту пак, дека предизвикуваат стерилизација односно неможност за зачнување на бебе. Иако, вакцините против ковид-19, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нуспојави, сепак тие се премногу ретки. Придобивките од вакцините ги надминуваат ризиците и спречуваат многу болести и како и смртни случаи кои би ги имало доколку нема вакцини

Коронавирусот е респираторен вирус, за првпат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Научно е докажано дека тој се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење. Така што, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион, како што тврди постот, туку настанува со близок контакт со инфицирано лице. Исто така, нема никакви докази дека вакцините предизвикуваат еутаназија односно дека убиваат луѓе, ниту, пак, дека предизвикуваат стерилизација односно неможност за зачнување. Иако вакцините против ковид-19, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нуспојави, сепак, тие се многу ретки. Придобивките од вакцините ги надминуваат ризиците и спречуваат многу болести и како и смртни случаи кои би ги имало доколку нема вакцини

 

 

Фејсбук објава тврди дека луѓето се заразуваат со коронавирусот затоа што, наводно, некој го фрла врз населението со авиони (!), а вакцините, пак, според истиот пост, предизвикуваат стерилитет и еутаназија. Овие тврдења се целосно неточни, а овој пост го оценуваме како невистинит.

Во објавата се тврди:

Сфатете еднаш засекогаш !!!
Вирус значи тровење,
после тровењето телото реагира на соодветен начин,се чисти со покачување на температурата и исфрлање на токсините.
АКО НЕ НЕ ЗАПРАШУВААТ СО АВИОНИТЕ,ЌЕ НЕМА БОЛНИ ЛУЃЕ…А ТОЈ ОТРОВ ШТО НИ ГО ФРЛААТ ОДОЗГОРА НЕ СЕ СПРЕЧУВА СО ОБИЧНИ МАСКИ,МАРАМИ И ШАЛОВИ.
Џабе е гушење на народот !!!

Ова е целосно неточно. Не е вистина дека коронавирусот се шири затоа што некој го фрла со авиони врз населението.

Коронавирусот е респираторен вирус, за првпат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Научно е докажано дека тој се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење. Што значи дека за еден човек да  се зарази, треба да има близок контакт со некој кој што е заболен од вирусот. За да се инфицира лицето, вирусот мора да навлезе во устата, носот или очите што се случува кога лицата се во близок контакт помал од еден метар со инфицирано лице.

Затоа, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион, како што се тврди во објавата, туку се случува со близок контакт со инфицирано лице.

Бидејќи вирусот се пренесува преку воздух, Светската здравствена организација препорачува одредени мерки, кои веќе на сите ни се добро познати и треба да се преземат за да се намали и колку што е можно да се спречи ширењето на вирусот. Треба да се одржува физичка дистанца, да се носат маски, да не се престојува подолго време во затворен простор, како и да се мијат рацете често.

 

МАСКИ И ВАКЦИНИ

Маските не го гушат населението и не се бескорисни, како што се имплицира во објавата. Тие штитат така што ги блокираат капките од заразеното лице, главно на оддалеченост до два метри, да стигнат до друго лице и да го инфицираат. Затоа се препорачува нивно носење.

На крајот во објавата и вакцините се претставени во негативен контекст за кои се тврди дека не помагаат туку дека штетат.

Вакцините не помагаат,тие дополнително го троват нашиот организам и имаат 3 задачи :

– депопулација(еутаназија),

– стерилизација и

– создавање на доживотни пациенти/клиенти на фармако индустријата.

Овие тврдења, исто така, се невистинити. Нема никакви докази дека тие предизвикуваат еутаназија, односно дека убиваат луѓе, ниту, пак, дека предизвикуваат стерилизација, односно неможност за зачнување. Експертите велат нема докази дека вакцината ќе резултира со стерилизација, за што „Вистиномер“ пишуваше во повеќе наврати и ја дебанкираше оваа широко распространета дезинформација поврзана со вакцините.

Иако вакцините против ковид-19, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нуспојави, сепак тие се премногу ретки. Придобивките од вакцините ги надминуваат ризиците и спречуваат многу болести, како и смртни случаи кои би ги имало доколку нема вакцини.

Светската здравствена организација на нивниот веб-сајт има посебен дел со одговори на прашања поврзани со безбедноста и ефикасноста на вакцината, каде, меѓу другото, се вели:

Вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.

Секоја лиценцирана вакцина е ригорозно тестирана во повеќе фази на испитувања пред да биде одобрена за употреба и редовно се проверува и откако ќе се воведе. Научниците, исто така, постојано ги следат информациите од повеќе извори за каков било знак дека вакцината може да предизвика здравствени ризици.

Запомнете, многу е веројатно сериозно да бидете повредени од болест што може да се спречи со вакцинација, отколку од вакцина.

Во постот целосно изостануваат научни докази, детали и објаснувања како се дошло до овие заклучоци. Без докази и извори на информации, кои би придонеле кон неговата веродостојност, постот оддава впечаток дека е измислен.

Целата објава е дел од антиваксерска кампања насочена кон одвраќање на популацијата од процесот на имунизација против коронавирусот којшто досега предизвика 159 милиони заболувања и 3,3 милиони смртни случаи низ светот. Ковид-19 не е настинка или грип, тој е многу посмртоносен, а пандемијата и по година и пет месеци од појавата на првиот случај сè уште не е завршена.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција