Корупцијата во Кина не е „уништена“ и не секој обвинет за корупција добива смртна казна
Корупцијата не е „уништена“ и Кина продолжува да ги казнува обвинетите за ова дело. Кога ќе се каже „уништување“, тоа значи целосно елиминирање на корупцијата, што не може да се тврди.
Корупцијата не е „уништена“ и Кина продолжува да ги казнува обвинетите за ова дело. Кога ќе се каже „уништување“, тоа значи целосно елиминирање на корупцијата, што не може да се тврди. Има бројни случаи, истраги и остра кампања, но корупцијата како феномен не е сосема исчезната
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Кина ја уништи корупцијата само со смртна казна. Да! Перење на пари, смртна казна, криминал особено кај политичарите, смртна казна. Така успеаја во борбата со корупцијата! Во Кина, корупцијата не само што носи смртна казна, туку и конфискација на сите нивни средства, имоти и сè што имаат во банка, а исто така и истрага за целото нивно семејство. Тоа е доста сериозно во Кина.
Тврдењето во објавата дека корупцијата во Кина е „уништена само со смртна казна“ е неточно од два аспектa. Прво, не е точно дека корупцијата во Кина е уништена. Кина сè уште се бори со корупција. Второ, не може да се каже дека корупција „е уништена само со смртна казна“, бидејќи смртната казна не се применува автоматски за сите случаи на корупција.
Кинескиот кривичен закон предвидува смртна казна за случаи на корупција, поточно за примање поткуп или присвојување на јавни средства во „исклучително сериозни случаи“. Еве еден очевиден случај: поранешниот директор на кинеската Агенција за храна и лекови Џенг Шјаоју беше осуден на смрт и егзекутиран за корупција.
Во 2016 година, кинескиот највисок суд официјално потврди дека смртната казна може да се изрече во случаи на корупција „со исклучително голема вредност“ на поткуп/присвојување.
Но, смртната казна не се применува автоматски за сите случаи на корупција — таа е резервирана за „исклучително сериозни“ случаи, со многу голема штета и особено лошо влијание врз државата и народот.
Често се изрекува „смртна казна со две години проба“ — тоа значи дека ако осудениот не изврши ново кривично дело во тие две години, казната можe да се претвори во доживотен затвор или многугодишна казна.
Значи, сите случаи не завршуваат со смртна казна — многу случаи завршуваат со доживотен затвор или многу години затвор.
Што се однесува до тврдењето дека Кина ја уништила корупцијата, тоа не е точно. Корупцијата не е „уништена“ и Кина продолжува да ги казнува обвинетите за ова дело. Кога ќе се каже „уништување“, тоа значи целосно елиминирање на корупцијата, што не може да се тврди. Има бројни случаи, истраги и остра кампања, но корупцијата како феномен не е сосема исчезната.
Во Кина сè уште активно се спроведува кампања против корупцијата. Националните органи во Кина пријавиле дека во 2024 г. се поднесени околу 642.000 случаи од страна на органите за дисциплинска инспекција и надзор до првите три квартали од годината.
Во истата година биле гонети високи функционери: 58 високорангирани функционери биле истражувани од страна на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Кампањата не е ограничена само на највисокото ниво: исто така се фокусира и на пониски позиции — во април 2024 г. биле дисциплинирани околу 433.000 пониски службеници, а за 14.000 од нив било поднесено обвинение. Секторите кои се особено таргетирани се здравството, енергијата, финансии, спортот и инфраструктурата.
Да, Кина се бори со корупцијата. Кампањата е интензивна, има значаен број на случаи, и се проширува од највисокото ниво до пониските нивоа на администрацијата. Но, тоа не значи дека корупцијата е искоренета. Всушност, самите извештаи зборуваат за „тешка и сложена ситуација“ и дека треба да се продолжи со напорите.
Дел од критиките се во насока на тоа дека мерките можат да се користат и за политички цели, како што укажуваат дел од анализите.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар