Коста Јаневски

 

Коста Јаневски e градоначалник на Oпштина Струмица

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Коста Јаневски е роден на 13.05.1960 година во Штип.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно училиште завршил во Струмица, а Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје.

 

КАРИЕРА

По завршувањето на факултетот се вработил во Општата болница во Струмица, а во 2002 година го доусовршил своето образование со специјализација по интерна медицина.

Во 2009 година беше избран за член на Советот на Општина Струмица. По четиригодишниот мандат, во 2013 година  повторно беше избран за член на Советот на Општина Струмица.

Во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Функцијата градоначалник на Општина Струмица започна да ја извршува на 20 октомври 2017 година.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина  Струмица: Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција