Коце Трајановски: Оградата на мостот кај Холидеј Ин е 1 000 000 евра
Оградата на мостот кај Холидеј Ин не е скапа. Практично, по проектантските цени таа требаше да биде некаде околу 3 милиони евра. Меѓутоа благодарение на јавното наддавање, т.е. на електронска аукција се симна на 1 милион евра. Поскапа е во однос на другите заради тоа што постпката за изработка е специфична. Имено прво се прават калапи и секој калап е посебен. [Датум: 10.05.2012 | Извор: Алфа]
Образложение:
Според податоците од бирото за јавни набавки на кои се повикува ТВ Алфа, за мостот кај Холидеј Ин се склучени 5 договори почнувајќи од ноември 2011 година. Вкупниот износ на сите договори, изнесува 1 850 000 евра, а не 1 000 000 евра како што тврди Градоначалникот. Понатака, податоците велат дека првиот договор од крајот на 2010-тата со вредност од 310 000 евра гласи реконструкција на ограда – градежен дел. Во јануари 2011-тата за 240 000 било откупено авторското дело – калапи и негативи за нова ограда и канделабри. Подоцна, истиот месец, е склучен договор во вредност од 125 000 евра за декоративно осветлување, а уште еден дополнителен договор од 25 000 за истата намена на почетокот на годинава. Последниот и најголем договор од 1 150 000 евра е потпишан кон крајот на април годинава.
Проблемот се јавува околу последниот тендер за оградата на мостот кај Холидеј Ин. Градот возврати со реакција дека се реконструира и мостот, вклучувајќи и ја статиката, зафат кој се правел со препорака од надлежните институции. Освен што Градот не објаснува во кој од наведените договори вкупно вредни 1 850 000 евра се состои и реконструкција на статиката, нема одговор и кои надлежните институции ја дале препораката.
За реконструкција на оградата и канделабрите на мостот Гоце Делчев и мостот кај МАНУ и асфалтот и тротоарите се потрошени околу 800 000 евра.
Линк:
- Алфа (14.05.2012): Мостот стигна до 1,85 милиони евра [Пристапено на: 05.06.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар