Ковид-19 е болест предизвикана од вирус, а не од запрашување со авиони!

Фото: Принтскрин

Постојат повеќе научни иследувања на теоријата на заговор за наводното запрашување од воздух, како што се тврди во овој пост на Фејсбук, и ниту еднаш не е пронајден каков било доказ дека тоа навистина се случува. Едно од посеопфатните истражувања е на „Кеит групата“, истражувачка група при Харвард универзитетот. Светската здравствена организација официјално тврди дека ковид-19 е инфективна болест предизвикана од коронавирус. Вирусот кој ја предизвикува болеста ковид-19 – Сарс Ков 2, е изолиран во лабораторија, што значи дека докажано постои 

Постојат повеќе научни иследувања на теоријата на заговор за наводното запрашување од воздух, како што се тврди во овој пост на Фејсбук, и ниту еднаш не е пронајден каков било доказ дека тоа навистина се случува. Едно од посеопфатните истражувања е на „Кеит групата“, истражувачки тим при Харвард универзитетот. Светската здравствена организација официјално тврди дека ковид-19 е инфективна болест предизвикана од коронавирус. Вирусотм кој ја предизвикува болеста ковид-19 – Сарс Ков 2, е изолиран во лабораторија, што значи дека докажано постои 

 

 

На Фејсбук е објавен вирален пост во кој авторката прикачила три видео материјали снимени аматерски, најверојатно од мобилен телефон, на кои се гледа небото, каде, пак, вообичаено – летаат авиони. Тие вообичаени патнички летови, кои се случуваат секојдевно, без никакви докази таа ги поврзува со ,,запрашување” кое што, пак, уште посмело и уште понеиздржано алудира дека ги предизвикува симптомите на коронавирусот.

Теоријата за ,,запрашување” од авиони (кемтрејлс) е стара, конспирациска и недокажана. А во екот на пандемијата со коронавирусот, таа беше масовно злоупотребена за да се инсинуира дека наводно, ковид-19 не постои, а сите последици кои граѓаните ги чувствуваат како и симптомите на ковид-19, се всушност нусефекти од вдишување отровни гасови што паѓаат од небото, од авионско запрашување. Ова се тврди и во постот кој го рецензираме:

,,Невидливиот непријател” ни е над глава и е многу видлив. Борбата против сонцето е најпатетичната претстава што може да се одигра пред очи на човек. Легалниот проект “Dimming the sun” е во тек низ целиот свет (во Северна Кореа не, таму не даваат врапче да пролета без нивно знаење , ама до затворените граници било). Аеросолите што ги прскаат за да го замаглат сонцето (ептен е очигледна промената на неговата боја ) и кои ги создаваат овие нереални облаци со нереални бои, содржат алуминиум , бариум , стронциум , фосген итн. и секој од овие елементи (ако случајно истражите) предизвикува губење на мирис, нагло отежнување на дишењето, губење на здив (индивидуална реакција во зависност од многу фактори), коагулација на крв каракреристична за скоро сите видови на труење , такихардија, аритмија, астма, губиток на енергија , дијареа , повраќање итн.
А вие мислете си и понатака дека некој ќе ви плукне Ковид во уста и нос.

СТАРА КОНСПИРАЦИСКА ТЕОРИЈА 

Таканареченото „запрашување“ на населението или „кемтрејлс“ е теорија на заговор која е постара од две децении. Всушност, почетоците се во САД во 1996 година, откако Воено-воздушните сили на САД објавиле извештај за можна модификација на времето. Застапниците на оваа теорија на заговор веруваат во повеќе цели на „запрашувањето“. Од психолошко влијание врз населението, до тоа дека крајната цел е депопулација на земјината топка.

Постојат повеќе научни иследувања на оваа теорија на заговор и ниту еднаш не е пронајден каков било доказ дека тоа навистина се случува. Едно од посеопфатните е на „Кеит групата“, истражувачки тим при Харвард универзитетот.

Тука посочуваме и една од посеопфатни студии која ја објаснува разликата меѓу „кемтреилс“ и „контреилс“ (траговите што остануваат зад авионите на небото), укажува дека зад „контреилс“ има научно објаснување зошто некогаш тие траги се подолготрајни, а некогаш брзо исчезнуваат од хоризонтот, како и на други студии.

Од регионалните сервиси за проверка на факти би го издвоиле српскиот „Истиномер“ (види  ТУКА).

„Вистиномер“ само од август 2020 г. досега има повеќепати пишувано за дезинформациите со наводното запрашување од воздух (види ТУКА, ТУКА,ТУКА и ТУКА).

Светската здравствена организација официјално тврди дека ковид-19 е инфективна болест предизвикана од коронавирус. За некакво запрашување од авиони, не станува збор. Повеќето луѓе инфицирани со ковид-19 имаат благи до средни симптоми и ќе закрепнат без третман. Повозрасните луѓе и тие со коморбидитети како кардиоваскуларни болести, дијабетес, хронични респираторни болести и канцер, имаат најголема опасност да развијат сериозна болест. Најдобриот начин да се превенира трансмисијата е да се информираат граѓаните како вирусот се шири. Превенцијата е да се одржува добра хигиена на рацете и да не се допира лицето. Ковид-19 се шири примарно преку капките од носот и устата кога инфицирано лице кашла или кива, така што е важно да се практикува респираторна етика.

Згора на тоа, вирусот кој ја предизвикува болеста – Сарс Ков 2, е изолиран во лабораторија, што значи дека докажано постои. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година и во следното известување.

Ова изолирање содржи инструкции за создавање на вирусните протеини, кои се основа за вакцините на „Фајзер“ и  на „Модерна“.

Проектот, пак, со којшто лажно се тврди дека Бил Гејтс сакал да го затемни сонцето, всушност, е на Харвард, а Гејтс само го финансира. Станува збор за проект којшто се однесува на геоинженерингот, големи напори за да се редуцираат ефектите од климатските промени врз атмосферата и врз океаните и тоа привремено.

Научниците се обидуваат подобро да дознаат колкава е ефикасноста и ризиците од геоинженерингот. За да го сторат тоа, тие мора да утврдат дали има аеросоли кои може да ја редуцираат или елиминираат загубата на озон, без да ги зголемат другите ризици.

Експериментот е почнат на крајот од 2020 година, а коронавирусот е откриен година дена порано. Оттука, да се доведуваат во причинско-последична врска симптомите со овој експеримент е неиздржано.

Па, имајќи ја предвид целата оваа аргументација, тврдењето дека со запрашување од авиони се добиваат симптоми на ковид-19, го оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција