Ковид-19 не е биолошка војна, ниту, пак, се шири вештачки

Фото: pixabay.com

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории на заговор. Новите варијанти на вирусите се шират брзо бидејќи вешто ги избегнуваат антителата произведени од вакцини и претходни инфекции. Тоа овозможува новите варијанти да се шират дури и кај високо вакцинираните популации и затоа се појавуваат нови бранови со голем број заболени лица, а има и сè позачестени реинфекции

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории на заговор. Новите варијанти на вирусите се шират брзо, бидејќи вешто ги избегнуваат антителата произведени од вакцини и претходни инфекции. Тоа овозможува новите варијанти да се шират дури и кај високо вакцинираните популации и затоа се појавуваат нови бранови со голем број заболени лица, а има и сè позачестени реинфекции

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека коронавирусот е биолошка светска војна и дека се шири вештачки. Сите овие информации се неточни.

Повторно враќање на маски, повторно вирус, повторно вести со починати и излечени. Што мислите на кому му одговара сето ова? Зошто? Одговорот ќе ни го даде можеби некоја идна генерација, во секој случај ова е биолошка светска војна.Немам дилеми дека вирусот се продуцира во лаборатории и дека се шири вештачки 😡

Во објавата се тврди дека повторно има вирус. Но, вирусот е тука од декември 2019 и никогаш не си замина. Пандемијата сè уште трае, иако бројот на заразени варира во зависност од тоа кој сој на вирусот е доминантен. Досега, во изминатите две и пол години откако вирусот се појави во Вухан, Кина во неколку наврати имаше бранови на голем број заболени лица во исто време. За време на секој од овие бранови имаше различен доминатен сој кој измутирал од претходна варијанта на вирусот. Секоја од мутациите на вирусот придонесува за зголемено ширење и голем број на заболени лица.

Вирусите прават свои копии од себе за да се репродуцираат, но тие не се совршени во тоа. Во тој процес, се случуваат грешки кои го менуваат генетскиот отпечаток, што резултира со нов вид на вирусот. Ако ова му даде предност на вирусот за преживување, новиот вид ќе напредува. Мутациите во шилестиот (спајк) протеин можат, на пример, да ја зголемат заразноста на вирусот во однос на претходниот сој. Колку повеќе се шансите коронавирусот да прави копии кај нас луѓето како домаќини, толку е поголема можноста за мутации.

Новите варијанти на вирусите се шират брзо, бидејќи вешто ги избегнуваат антителата произведени од вакцини и претходни инфекции. Тоа овозможува новите варијанти да се шират дури и кај високо вакцинираните популации и затоа се појавуваат нови бранови на голем број заболени лица, а има и сè позачестени реинфекции.

Како и кај сите вируси, и коронавирусот ќе продолжи да се развива сè додека продолжува да се шири. Колку повеќе се шири вирусот, толку е поголем притисокот вирусот да се менува.

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории на заговор. Впрочем, оваа пандемија не е прва во светот, човештвото памети и други пандемии предизвикани од вируси и во минатото.

 

Болеста ковид-19 не е создадена како биолошко оружје

Исто така, нема цврсти докази дека вирусот е креиран во лабараторија. Експертите сè уште не можат да донесат став дали тој „избегал“ од лабараторија или бил пренесен од животно на човек, како што на почеток тврдеа кинеските власти.

Постои теоријата дека кинески научници експериментирале со опасни коронавируси и дека коронавирусот излегол од лабораторија несвесно и ненамерно, нешто што кинеските власти категорично го демантираат. Во последната проценка за потеклото на вирусот, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) наведува дека постои еднаква веројатност вирусот да преминал од животно на човек и да „истекол“ од лабораторија. Но, нема доволно информации за да се донесе конечен заклучок.

Американските разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19, но дека тој не е создаден како биолошко оружје.

 

Коронавирусот се пренесува преку респираторни капки

Последната дезинформација којашто се пласира преку овој пост е дека вирусот се шири вештачки. Ова е неточно, а и нелогично.

Ковид-19 се пренесува преку изложеност на респираторни секрети во кои се наоѓа инфективниот агенс- вирусот, а не вештачки преку прскање со авиони и слични други измислици. Заразувањето може да се случи на три начини. Преку инхалација на ситни респираторни капки и аеросолни честички, депозиција на респираторните капки на слузниците на носот, устата и очите, како и преку допирање на слузниците со раце, кои претходно биле во контакт со вирусните честички. Ризикот за трансмисија е поголем на растојанија помали од 2 метра.

Исто така и други фактори влијаат врз трансмисијата на вирусот, како, на пример, затворените простории, пролонгирана експозиција над 15 минути, како и зголемено вдишување при физички напор.

Авторот преку оваа објава полна со нивистини ги манипулира корисниците на социјалните мрежи. Постот преку дезинформации и теории на заговор се обидува да ја убеди јавноста дека се работи за биолошка војна и дека бројот на заболени од ковид-19 се креира вештачки.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција