Ковид 19 не е измислено сценарио, туку светска пандемија

Иако класична дезинформација, содржината што ја рецензираме за само неколку дена успеа да собере околу 500 лајкови и десетици коментари на социјалните мрежи. Содржината предизвика револт кај оние кои коментираат и изразуваат омраза кон лекарите како „соработници“ во измислувањето на измамата дека ковид 19 е сценарио подготвено со одредени намери.

 

Насловот на содржината што ја рецензираме е ,,Не изненади кинеската докторка, …доста веќе…Ковид е едно сценарио кое…“. Содржината е многу лош медиумски производ и не се заснова на никакви новинарски стандарди, но овие два основни елементи не се земени предвид од онлајн читателите. Содржината прво беше објавена на порталот ,,Газета Банер” а потоа е споделена на Фејсбук од страната ,,Балкан Њуз“.

 

Во содржината се тврди дека кинеската научничка по име Ли Менг Јан открил дека коронавирусот е произведен во лабораторија. Сепак, ова тврдење не е придружувано со никакви дополнителни факти или научни податоци кои би ја поддржале оваа теорија.

 

Покрај дезинформациите кои оваа содржина ги шири, уште по вознемирувачко е нивото на интеракција на „Фејсбук“. Објавата добила околу 500 лајкови, десетици коментари и беше споделена од околу 200 други корисници на Фејсбук. Во коментарите е искажан гнев и омраза кон лекарите, кои според коментаторите се соработници во оваа голема измама.

 

Која е Ли Менг Јан?

 

Ли Менг Јан и е позната на светската јавност по публикациите и интервјуата во кои тврди дека САРС КоВ 2 е создаден во кинеска владина лабораторија. Овие публикации беа широко критикувани од научната заедница.
Од септември 2020 година до март 2021 година, Јан напишала серија од четири прелиминарни истражувачки трудови, тврдејќи дека САРС-КоВ-2 не се појавил природно, туку е произведен во лабораторија. Истражувањето (кое не поминало низ научна рецензија) беше објавено на платформата Зенодо, виртуелен простор од отворен тип каде што секој може да го објави своето истражување.

 

Јан изјави дека доказите од генетскиот инженеринг во научните списанија биле цензурирани, наводно како дел од „заговор кој има за цел да ги елиминира информациите на оваа тема“. Меѓутоа и други научници ширум светот ја оспорија валидноста на истражувањето на Јан, кое е засновано на лоши методи на истражување, прикривање на финансирањето на истражувањето, употреба на псевдоними за коавторите во четирите истражувачки трудови.

 

Асоцијацијата на научници исто така откри дека трудовите никогаш не биле доставени за рецензирање до ниедно научно списание. Вирусолозите ја опишаа работата на Јан како „ненаучна“, и напишана за ширење на „политичка пропаганда“.

 

Истражувањето за вистинитоста на теоријата на Јан покажа дека таа била поддржана од политичка организација поврзана со Стив Банон, поранешен стратег на Доналд Трамп, организација која претходно никогаш не објавувала научни или медицински истражувања. Прикривањето на финансискиот извор на истражувањето беше опишано како грешка во етичката транспарентност од страна на Др. Адам Лоринг, особено кога ги објавува „оние кои во суштина се конспиративни теории кои не се засновани на факти“.

 

Друг поддржувач на Јан е кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој е непријател на кинеската влада и од 2018 година живее во САД.

 

Во април 2020 година, Јан побегна во Соединетите држави. Според американските медиуми, Јан не заминала од Кина, туку тоа била само една игра на Стив Банон и Гуо Венгуи, кои имале за цел да ги зајакнат антикинеските чувства, да го тргнат вниманието на јавноста од тоа како администрацијата на Трамп се соочувала со ковид пандемијата и за возврат да влијаат во соборувањето на кинеската влада. Американските медиуми објавија дека Гуо и Банон договориле Јан да лета од Кина во САД во прва класа, и обезбедиле сместување, ја обучиле за настапи во медиумите и и договориле интервјуа со конзервативни медиумски водители како Лу Добс и Такер Карлсон.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција