Ковид-19 не е измислено сценарио
Содржината што ја рецензираме носи наслов: Не зачуди кинеската научничка, доста е веќе, Ковид е само едно сценарио кое… Всушност, оваа содржина е споделена и во минатото на социјалните мрежи и одвреме-навреме повторно се ажурира од конспирациски кругови или непрофесионални портали кои имаат за цел да соберат што повеќе кликнувања со наслови и сензационални содржини.
Иако лажните тврдења на оваа содржина се побиени од Вистиномер.мк а објавите се избришани од социјалните мрежи, оваа конспирација продолжува да се споделува онлајн и повторно да се објавува од други интернет адреси. Во изминатите денови оваа содржина беше објавена на Фејсбук страницата „Рубикон“.
За кратко време објавата е споделена околу 100 пати од други корисници на „Фејсбук“ и собрала над 250 коментари. Во голем број коментари има остар говор на омраза кон лекарите и медицинските сестри, Светската здравствена организација како и Кина и кинескиот народ.
Која е кинеската научничка Ли Менг Јан?
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар