Крешник Бектеши
Министер за економија во Владата на РМ предводена од Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
-По потекло е од Кичево, но нема датум кога е роден во официјалната биографија. Од 2004 до 2008 г. завршува повеќе степени на Рочестер универзитет во САД, главно на Применета уметност и науки, најпрво Претприемништво и развој на бизнис, а потоа и Менаџмент и бизнис администрација. Од 2009 до 2012 година се дообразува на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција, каде се стекнува и со магистерска титула по Менаџмент и стратегија
КАРИЕРА
-Од 2011 до 2016 година работи како економски промотор на РМ во Белгија и во Швајцарија, ангажиран од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз од Република Македонија, при Владата на Никола Груевски
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Од 31.05.2017 г. станува Министер кој раководи со Министерството за економија во Владата РМ, предводена од Зоран Заев
ИЗВОРИ:
-Собрание на Република Македонија – Предлог за избор на Влада
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар