Критичкото мислење кај младите

Аделина Рамадани од НВО „Медиум“ од Гостивар потенцира дека  критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување на погрешни заклучоци. Рамадани истакнува нивните анализи на терен покажале дека постои широко распространета медиумска неписмесност, ососбено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализирните групи

Аделина Рамадани од НВО „Медиум“ од Гостивар потенцира дека  критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување на погрешни заклучоци. Рамадани истакнува нивните анализи на терен покажале дека постои широко распространета медиумска неписмесност, ососбено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализирните групи

 

Младиот Давид Георгиевски мислел дека може многу лесно да ги препознае лажните вести, но самиот се изненадил кога неодмна увидел дека не било баш така. „Научив многу нови работи за дезинформации и за лажни профили, што за мене беше голем предизвик“, вели тој споделувајќи ги неговите впечатоци од учеството во проектните активности за медиумска писменост, организирани од НВО „Центар за аудио и ауди-визуелни уметности Крива Паланка“, а во рамките на проектот „Критинк“. Жаклина Цветковска од оваа граѓанска организација вели дека треба да има повеќе вакви едукативни работилници на кои младите би биле интерактивно вклучени на теми поврзни со критичка опсеравција на инфрмациите, особно на оние кои се шират на интернет.

Да научи да разликува точна и релевантна информација од лажна вест било вистински предизвик и за Бојан Радески кога работел на темата: Читај вниматело, анализирај паметно“. Тој заедно со група млади луѓе бил вклучен во едукативниот проект на НВО „Медиум“ Гостивар. Аделина Рамадани од оваа невладина организација потенцира дека  критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување на погрешни заклучоци. Рамадани истакнува нивните анализи на терен покажале дека постои широко распространета медиумска неписмесност, ососбено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализирните групи.

Според Бисера Бијелиќ од НВО „Ганимед,“ Битола, учениците се желни за неформално образование.

Тие сакаат да излезат од училишните клупи и да научат нешто надвор од нив, вели таа.

Притоа додава дека доколку имаат можност, би го прошириле овој проект со тоа што ќе опфатат и малку помлада популација, односно основци – ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение. Бијелиќ смета дека медиумска писменост е особено важна и треба да најде повеќе место во формалното образование во училиштата.

Лилјана Танчева од НВО „Мултус“ Гевгелија посочува дека поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица, меѓу другото и поради тоа што се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации. Таа укажува дека проектни активности од ваков тип се корисни за да се предупредат тинејџерите да внимаваат на „фишинг“ – измами на социјалните медиуми. Танчева има впечаток дека младите сакаат нешто повеќе и поразлично од класичната едукација, па бараат малку понеформални методи во пренесувањето на знаењата и вештините.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција