Кривичниот суд и тоа како ја коментира акцијата на СЈО

Кривичен суд, Фото: Скриншот

Основниот суд Скопје 1 – Скопје нема да ја коментира вчерашната акција на СЈО и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО.

[Извор: Мета  Датум: 24.03.2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На 23 март Основниот суд Скопје 1 излезе со соопштение до медиумите во врска со акцијата на Специјалното јавно обвинителство од претходната вечер, во рамките на која СЈО изврши претрес во Централниот регистар на Република Македонија.

На барање на новинарите, како што всушност и се посочува во соопштението на Судот, оттаму ја информираат јавноста дека СЈО од судија на претходна постапка побарало да се издаде наредба за одземање на документација од Централниот регистар на РМ, додека наредба за претрес не била побарана.

На крајот од соопштението, кое е објавено и на официјалната страна на скопскиот Кривичен суд е нагласено дека Судот нема да ја коментира акцијата на СЈО, но веќе во следната реченица, ваквиот став е побиен.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје нема да ја коментира вчерашната акција на СЈО и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО.

Не само што Основниот суд Скопје 1 ја коментира, туку и ја осудува акцијата на Специјалното обвинителство, со самото тоа што ја нарекува „холивудско сценарио и несериозна“. Судот воедно ги оценува и постапките на обвинителите од СЈО, како „оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите“.

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека изјавата на Основниот суд Скопје 1 е недоследна.

 

Извори:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција