Куќата со црвен покрив не го преживеала пожарот во Лос Анџелес, создадена е со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Пожарите во Лос Анџелес се многу актуелна тема во светските медиуми кои известуваат и за тоа дека во областите зафатени од страшните пламени јазици, има и по некоја градба, којашто го „преживеала“ пожарот. Сепак, куќата на фотографијата споделена во објавата не е од оваа категорија на недопрени градби што го преживеале пожарот во Лос Анџелес. Всушност, оваа фотографијата е направена со помош на вештачка интелигенција. Истата била споделена на социјалната мрежа „Икс“ каде веќе на самата фотографија е поставена порака од заедницата (community note) 

Пожарите во Лос Анџелес се многу актуелна тема во светските медиуми кои известуваат и за тоа дека во областите зафатени од страшните пламени јазици, има и по некоја градба, којашто го „преживеала“ пожарот. Сепак, куќата на фотографијата споделена во објавата не е од оваа категорија на недопрени градби што го преживеале пожарот во Лос Анџелес. Всушност, оваа фотографијата е направена со помош на вештачка интелигенција. Истата била споделена на социјалната мрежа „Икс“ каде веќе на самата фотографија е поставена порака од заедницата (community note

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:

Куќата на преживеаниот пожар на праведен човек во Калифорнија.
Илјада и десет илјади ќе паднат под тебе, но нема да се приближат до тебе. Псалм 90:7. Овој библиски стих ја истакнува Божјата заштита и грижа за оние кои Му веруваат.

Објавата е споделена заедно со фотографијата, непосредно по катастрофата во Лос Анџелес Калифорнија, каде како последица на огромни пожари загинаа десетици луѓе, а уништени беа и бројни куќи. Пожарите во Лос Анџелес се многу актуелна тема во светските медиуми кои известуваат и за тоа дека во областите зафатени од страшните пламени јазици, има и по некоја градба, којашто го „преживеала“ пожарот. Таков пример може да се види на страницата на медиумот „Асошиејтед прес“ кој низ фотографии и сопствена фото-галерија ги прикажува ваквите градби. На поголемиот дел од овие фотографии сите градби во околината се пеплосани, додека по некоја го „преживеала“ пеколот од пламените јазици.

Ненавлегувајќи во религиозниот дел од објавата што ја рецензираме, сепак констатираме дека куќата на фотографијата споделена во неа – не е од оваа категорија на недопрени градби што го преживеале пожарот во Лос Анџелес. Всушност, фотографијата што е споделена во објавата, е направена со помош на вештачка интелигенција.

„Вистиномер“ ја пребара фотографијата во пребарувачот Google Chrome со помош на алатката за обратно пребарување фотографии. Кога пребарувачот ги исфрли резултатите од пребарувањето, во делот под фотографијата насловен „за оваа фотографија“ (about this image) веднаш се појави информацијата дека станува збор за фотографија креирана со вештачка интелигенција. На форумите ширум светот веднаш по ширењето на оваа фотографија беше доведена во прашање нејзината автентичност. Бројни корисници забележуваат дека се работи за фотографија генерирана со вештачка интелигенција и посочуваат на опцијата на пребарувачот „Гугл“ за проверка на тоа дали конкретна слика е создадена со AI.

Медиумот „Албаваба“ (во превод „Порта“) кој има седиште во Јордан и канцеларии во Обединети Арапски Емирати, во текст со наслов „Вистината за недопрената куќа во пожарите во Лос Анџелес“, објави дека се работи за фотографија креирана со вештачка интелигенција. Истата била споделена на социјалната мрежа „Икс“ каде веќе е поставена порака од заедницата (community note) на конкретната фотографија која се споделува во објавата што ја рецензираме.

Оваа фотографија е креирана со Google AI. Фотографиите направени со Google AI имаат дигитален жиг кој е незабележлив за голо око. Корисниците може да идентификуваат дали некоја фотографија или дел од некоја фотографија бил генериран со алатки на Google AI преку делот „за оваа фотографија“ (about this image) кој го има во делот за пребарување на пребарувачот Chrome, стои во пораката на заедницата на „Икс“.

 

Како што пишува „Албаваба“, фотографијата е создадена со користење на Google’s SynthID, што е алатка за АИ, која се користи за да се создадат фотографии и видеоматеријали со какви било сценарија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава која е со изменета содржина (altered content).

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција