Значи, дури и непријавувањето до Агенцијата, не е спорно, бидејќи така се означува крај на смртноста од Ковид-19, туку зошто граѓаните може ненавремено да добиваат ажурирани информации. Инаку, смртноста во САД од Ковид-19 до 17 јануари 2022 година е 854 илјади лица.
Оттука, оценуваме дека не е вистина дека со самото прекинување на испраќање статистика за смртност од болниците до Одделот за здравство и социјални услуги на САД, настапил некаков крај на ковид-пандемијата. Напротив, омикрон варијантата е најдоминантна во САД и галопира. Тоа што една државна агенција веќе не бара да и се доставуваат извештаи за болничка смртност од Ковид-19, не значи дека таква евиденција не се води или дека не се доставува до Центарот за контрола и превенција на болести. Токму од Центарот за контрола и превенција на болести потекнуваат статистиките што општата јавност ги гледа во Њујорк Тајмс и други кредибилни медиуми кои водат евиденција за смртноста од Ковид-19.