Лага е дека Техномаркет нуди телефони за 114 денари – станува збор за кражба на лични податоци

Фото: скриншот од дел од објавата

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов треба да отстапат од „наградната игра“ бидејќи најверојатно се работи за измама. Дополнително, „наградната игра“ не е споделена од официјалната страница на Техномаркет и брендот и логото на Техномаркет се злоупотребени со цел измама и прибирање на личните податоци на корисниците на Фејсбук.

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов треба да отстапат од „наградната игра“, бидејќи најверојатно се работи за измама. Дополнително, „наградната игра“ не е споделена од официјалната страница на Техномаркет и брендот и логото на Техномаркет се злоупотребени со цел измама и прибирање на личните податоци на корисниците на Фејсбук.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Поради производствен дефект, Техномаркет нуди телефони во оштетена амбалажа за само 114 денари. Продажбата е веќе започната, но понудата е ограничена на 349 единици. Проверете го салдото на страницата и купувајте додека не снема.

Во коментарите под објавата, поставени се лажни, наводно задоволни „добитници“ на оваа понуда, кои што кажуваат дека се презадоволни што „производот им пристигнал на домашната адреса“. Овие лажни коментари се поставени со цел да се создаде лажна слика дека понудата во постот кој го рецензираме е веродостојна, со цел што повеќе луѓе да се измамат да учествуваат во апликацијата. Кога ќе се пристапи кон апликацијата, ве пречекува екран со следната содржина:

Добијте го вашиот нов Iphone 14 Pro за само 114 денари. Техномаркет продава запленета стока. Меѓу нив е и iPhone 14 Pro! Интернет гигантот Техномаркет конфискуваше пратка шверцувани телефони на Епл, а судот нареди тие да не се продаваат за повеќе од 114 денари. Искористувајќи ја оваа можност Техномаркет одлучи да спроведе рекламна кампања за своите потенцијални клиенти. Мора да се вклучите во анкетата за шанса да освоите нов телефон. Денес сте избрани по случаен избор да учествувате во овој натпревар. Ќе ви бидат потребни неколку минути, а наградата е iPhone 14 Pro. За да влезете мора да поминете кратка анкета, која ни помага да разбереме дали сте соодветни да бидете победници, а исто така ни помага да ги подобриме услугите за нашите клиенти. Побрзајте, бројот на награди е ограничен.

Кога ќе се продолжи кон „анкетата“ има пет прашања: Дали живеете во Македонија? Дали сте на возраст над 18 години? Дали ви се допаѓа квалитетот на производите и услугите во продавниците на Техномаркет? Дали сте користеле производи на Епл? Дали би не препорачале на вашите пријатели?

Потоа среќниот „добитник“ лажно се упатува да ги остави своите лични податоци бидејќи телефонот ќе му биде доставен дома за 123 денари. Меѓу личните податоци кои се бараат се име презиме, адреса, телефон, мејл адреса и сите податоци од платежната картичка од банка со која наводно ќе се платат 123 денари за доставата на домашната адреса.

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов треба да отстапат од „наградната игра“, бидејќи најверојатно се работи за измама. Дополнително, „наградната игра“ не е споделена од официјалната страница на Техномаркет и брендот и логото на Техномаркет се злоупотребени со цел измама и прибирање на личните податоци на корисниците на Фејсбук.

Понатаму, во текстот за наградната игра се споделуваат информации кои се очигледно невистинити како на пример дека „Техномаркет продава запленета стока“ и „Техномаркет конфискуваше пратка шверцувани телефони на Епл“. Доколку телефоните биле шверцувани, тие би биле предмет на заплена, а не пуштени во слободна продажба. Судот не би дозволил да се продаваат воопшто и дефинитивно не за толку ниска сума. Во базата на основниот суд во Скопје не постои таков предмет, а Вистиномер ги провери архивите.

Официјалната страница на Техномаркет на Фејсбук има 117 илјади следбеници и воопшто нема ваква објава за „наградна игра“.

Но, има споделено важна информација дека преку лажни Фејсбук страници кои го злоупотребуваат името на нивната компанија, се шират лажни информации за продажба на производи.

„Доколку сте споделиле ваши податоци со овие лажни страници веднаш избришете ги и пријавете ги кај администраторите на Фејсбук, а ако се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени, известете го одделот за компјутерски криминал при МВР. Техномаркет се оградува од сите дејствија настанати преку лажните Фејсбук страници. Ве предупредуваме да не наседнувате и да не оставате ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет. Лажните страници се веќе пријавени кај надлежните органи“, велат од Техномаркет во своето важно известување до корисниците.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција