Лажен пост ветува дека ќе ви ги врати сите уплатени даноци во странство – не наседнувајте!
Невозможно е да се вратат сите пари што се платени на странска држава како данок, бидејќи тогаш плаќањето данок не би имало смисла. Бројни показатели покажуваат дека се работи за измама. Прво, страницата на Фејсбук од која е споделена објавата нема никакви обележја на вистинска бизнис-страница. Таа се води како страница на „музичар или бенд“, нема македонски телефонски број туку телефонски број со повикувачки код на Конго +243. Потоа, страницата го носи името Ronnie Silas, што не соодветствува на самата прокси-веб страница на која се рекламира измамата. Таму фирмата се претставува како Euro Tax
Невозможно е да се вратат сите пари што се платени на странска држава како данок, бидејќи тогаш плаќањето данок не би имало смисла. Бројни показатели покажуваат дека се работи за измама. Прво, страницата на Фејсбук од која е споделена објавата нема никакви обележја на вистинска бизнис-страница. Таа се води како страница на „музичар или бенд“, нема македонски телефонски број туку телефонски број со повикувачки код на Конго +243. Потоа, страницата го носи името Ronnie Silas, што не соодветствува на самата прокси-веб страница на која се рекламира измамата. Таму фирмата се претставува како Euro Tax
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Работевте во странство? Вратете ги сите уплатени даноци во рок од 5 дена! Вратете ги даноците платени за работа во странство.
Објавата води до линк којшто е од прокси-страница, која треба да симулира страница на вистинска компанија. На почетокот од страницата измамниците лажно тврдат дека „ќе остварите поврат на данок со доверлива компанија која има сертификати за тоа“. Доколку беше возможно да се врати целиот данок на лица што работеле во странство, тој никогаш немаше да биде ни исплаќан во странските држави. Не е јасно наведено какви се наводните „потребни сертификати“ за враќање на целиот данок ако сте работеле во странство, што наводно ги поседува непостоечката фирма во лажната реклама.
На посебната страница се бара од вас да пополните формулар со лични податоци по што би ве контактирале од фирмата за поврат на данокот. Бројни показатели покажуваат дека се работи за измама. Прво, страницата на Фејсбук од која е споделена објавата нема никакви обележја на вистинска бизнис-страница. Таа се води како страница на „музичар или бенд“, нема македонски телефонски број туку телефонски број со повикувачки код на Конго +243.
Понатаму, страницата го носи името Ronnie Silas, што не соодветствува на самата прокси-веб страница на која се рекламира измамата. Таму фирмата се претставува како Euro Tax.
Домејнот пак, којшто води до Euro Tax, е сосема трет, односно vortexiq.vip. Информациите дадени за фирмата, најдолу на веб-страницата, исто така се невалидни. Кога ја впишавме посочената адреса на Гугл мапс, таму не најдовме фирма со вакво име, туку фризерница.
Во Централен регистар и во УЈП се обидовме да најдеме фирма со наведениот матичен број и наведениот единствен даночен број, но таква не постои. Имено, матичниот број на фирмата: 987654, како и единствениот даночен број (ЕДБ): 123456789 се всушност последователни бројки, што веднаш асоцира на измама.
Како што веќе наведовме, не е возможно да се вратат сите пари што се платени на странска држава како данок, бидејќи тогаш плаќањето данок не би имало смисла. Слични измами се присутни и во земјите од регионот исто како и во Северна Македонија.
Секторот за компјутерски криминал во МВР е адресата за пријавување доколку граѓаните станат жртви на онлајн измама од ваков вид. Не се препорачува да се оставаат личните податоци и банкарските податоци во онлајн формулари за коишто не сте сигурни дека се вистинити.
Граѓаните не треба да им веруваат на правни лица кои немаат претставништва ниту канал за комуникација кон нив, туку бараат податоци од вас, во еднонасочен правец. Доколку се работеше за фирма која е реална, тогаш таа немаше да има потреба да се крие зад лажни даночни и матични броеви.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар