Лажна е објавата во која се подарува тајна кутија на „Зара“ за едно евро
Станува збор за измамничка објава којашто нема никаква врска со „Зара“ ниту пак, доколку ги оставите вашите лични податоци и банкарски податоци ќе добиете кутија. Се работи за измама чија единствена и крајна цел е да се присвојат личните и банкарски податоци на корисниците и на таков начин да се изврши одземање на парични средства, под изговор дека плаќате за „тајна Зара кутија“
Станува збор за измамничка објава којашто нема никаква врска со „Зара“ ниту пак, доколку ги оставите вашите лични податоци и банкарски податоци ќе добиете кутија. Се работи за измама чија единствена и крајна цел е да се присвојат личните и банкарски податоци на корисниците и на таков начин да се изврши одземање на парични средства, под изговор дека плаќате за „тајна Зара кутија“
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Распродажба од 𝘡𝘈𝘙𝘈!
Магацинот во Македонија е преполн со облека и аксесоари од претходните сезони, а ние сме спремни да им ги подариме на купувачите по специјална цена. Кликнете на „Нарачајте“ и изберете ја вашата големина на веб-страницата!
Во склоп на објавата има фотографија од кутии полни со облека која потоа води до линк на кој се отвора нова страница.
Таму ви се понудени три прашања на кои откако ќе одговорите, ви дава опција да отворите три кутии од кои едната сигурно е добитна.
За да ја добиете „тајната кутија на Зара за едно евро“, од вас се бара да оставите лични податоци и податоци за вашата банкарска картичка.
Станува збор за измамничка објава којашто нема никаква врска со „Зара“, ниту пак, доколку ги оставите вашите лични податоци и банкарските податоци ќе добиете кутија. Се работи за измама чија единствена и крајна цел е да се присвојат личните и банкарски податоци на корисниците и на таков начин да се изврши одземање на парични средства, под изговор дека плаќате за „тајна Зара кутија“.
Линкот под објавата води кон страница чиј домејн не е на „Зара“. Исто така во коментарите под објавата на Фејсбук се среќаваат странски имиња, односно лажни профили кои коментираат на неправилен македонски јазик со цел да остават впечаток дека објавата е веродостојна.
Станува збор за измама и доколку се остават лични податоци, огромна е веројатноста дека измамниците ќе имаат пристап до банкарските податоци на жртвата по што ќе следува и загуба на финансиски средства кои ќе бидат повлечени од картичката.
Во минатото македонскиот простор на социјалните мрежи беше исполнет со слични лажни наградни игри каде беа злоупотребени имињата на брендови за бела техника, ланци прехранбени маркети и така натаму. Измамниците со истиот „модус операнди“ на создавање невистинити страници и лажни „наградни игри“, целеа да ги извлечат од корисниците на социјалните мрежи нивните лични податоци за потоа да ги злоупотребат.
„Зара“ има официјална страница во Северна Македонија на македонски јазик. Ниту таму, ниту на официјалната Фејсбук страница на Зара која има преку 30 милиони следбеници, не може да се најде објава во која се подаруваат тајни кутии за едно евро.
Очигледно е дека објавата што ја анализираме е измамничка и дека станува збор за лажна наградна игра. Поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар