Лажна е понудата дека ако препорачате Фејсбук страница ќе добиете 50 долари
Фејсбук не доделува 50 долари доколку ги поканите сите ваши пријатели да лајкнат одредена Фејсбук страница. Дезинформацијата е пласирана со цел корисниците на социјалните мрежи лекомислено да ги поканат своите пријатели да бидат следбеници на одредена Фејсбук страница, а потоа таа да добие голем број следбеници, да има поголем сообраќај, поголем досег на нејзините објави кон што поголем број на луѓе
Фејсбук не доделува 50 долари доколку ги поканите сите ваши пријатели да лајкнат одредена Фејсбук страница. Дезинформацијата е пласирана со цел корисниците на социјалните мрежи лекомислено да ги поканат своите пријатели да бидат следбеници на одредена Фејсбук страница, а потоа таа да добие голем број следбеници, да има поголем сообраќај, поголем досег на нејзините објави кон што поголем број на луѓе
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Фејсбук доделува на секого кој ги исполни овие чекори погледни како до 50 долари за 10 секунди погледни го видеото – 1.Oди на Страницата 2.Кликни на 3 те точки 3.Потоа Invite Friends или Покани Пријатели 4. Select all или Покани Пријатели 5.Send invite или Покани сите Пробај.
Во склоп на објавата има видео на коешто визуелно се прикажани сите чекори од текстуалниот дел и на дното од екранот на видеото е наведено дека со исполнувањето на овие чекори ќе заработите 50 долари. Но, ова не е вистина.
Фејсбук не доделува 50 долари доколку ги поканите сите ваши пријатели да лајкнат одредена Фејсбук страница. Дезинформацијата е пласирана со цел корисниците на социјалните мрежи коишто се неинформирани, лекомислено да ги поканат своите пријатели да бидат следбеници на одредена Фејсбук страница, а потоа таа страница да добие голем број следбеници, да има поголем сообраќај, да има поголем досег на нејзините објави кон што поголем број на луѓе.
Во самата најава има технички и граматички грешки – „Фејсбук доделува на секого кој ги исполни овие чекори“. Тоа сугерира дека се работи за автоматски преземен превод од вакви странски невистинити објави со цел тие да се пренесат на македонското говорно подрачје. Страницата којашто се промовира е креирана на 10 февруари и има само 474 следбеници.
Оваа понуда, да препорачате одредена Фејсбук страница на сите свои пријатели и дека на таков начин ќе добиете 50 долари од Фејсбук затоа што ѝ помагате да „порасне“, е целосно лажна.
Психологијата зад ова е едноставна. Измамниците играат на три моќни фактори: лесна заработка, доверба во брендот и едноставноста на тоа што треба да се направи за да се „заработи“. Бидејќи понудата е поврзана со позната компанија, луѓето претпоставуваат дека е легитимна. Бидејќи пријателите ја споделуваат, изгледа како да има потврда. А, бидејќи задачата е лесна – само неколку клика и изгледа без ризик.
Постојат неколку јасни причини зошто ова ветување е невистинито. Нема официјална најава. Легитимните програми за исплата од Meta се објавуваат преку проверени корпоративни канали и официјална документација. Не постои веродостојно соопштение или политика што ја потврдува оваа исплата. Нема механизам за исплата. Вистинските исплати бараат регистрација. Нејасното ветување дека „Фејсбук ќе ви испрати 50 долари“ без никаква процедура не е во согласност со начинот на кој функционираат корпоративните исплати. Корист има страницата, а не вие.
Вистинската цел е зголемување на бројот на следбеници. Кога илјадници корисници ги покануваат сите свои пријатели, страницата нагло го зголемува досегот. Администраторите добиваат видливост, потенцијален приход од реклами или можност за препродажба, додека учесниците не добиваат ништо. Во некои случаи, страниците со вештачки зголемена публика подоцна се ребрендираат и се продаваат, претворајќи го лажниот ангажман во профит за администраторите кои никогаш немале намера да исплатат награда.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар