Лажна е веста дека 100 живи деца и мртви тела биле извлечени од тунел под Капитол Хил

Постот се повикува на текст објавен пред два месеца на германски јазик, кој, пак, нема наведено никаков извор, ниту фотографии или некоја изјава од официјално лице кои би ги потврдиле изнесените наводи. Сето ова ја доведува во прашање вистинитоста на тврдењата дека американските специјални сили извадиле тела и најмалку 100 живи деца од системот на тунели под Белата куќа и Капитол Хил во Вашингтон. Доколку вакво нешто навистина се случило, невозможно е тоа да остане незабележано од јавноста и од медиумите. Дека веста  е лажна, потврдиле од Министерството за одбрана на САД, за „Политфакт“, сајт за проверка на фактите

Постот се повикува на текст објавен пред два месеца на германски јазик, кој, пак, нема наведено никаков извор, ниту фотографии или некоја изјава од официјално лице кои би ги потврдиле изнесените наводи. Сето ова ја доведува во прашање вистинитоста на тврдењата дека американските специјални сили извадиле тела и најмалку 100 живи деца од системот на тунели под Белата куќа и Капитол Хил во Вашингтон. Доколку вакво нешто навистина се случило, невозможно е тоа да остане незабележано од јавноста и од медиумите. Дека веста  е лажна, потврдиле од Министерството за одбрана на САД, за „Политфакт“, сајт за проверка на фактите

 

Пост на Фејсбук шири вест дека американските специјални сили на 29 јануари извадиле тела, делови од тела и најмалку 100 живи деца од системот на тунели под Белата куќа и Капитол Хил во Вашингтон. Ова е дезинформација. Вакви и слични теории на заговор шири „Кју Анон“, движењето кое го возвишува поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Истовремено, ова движење континуирано лиферува разни обвинувања за истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени, па дури и холивудски актери (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други) блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп.

Во постот, што е предмет на нашата проверка, се вели:

Американските специјални сили во петокот извадија тела, делови од тела и најмалку 100 живи деца од системот на тунели под Белата куќа и Капитол во Вашингтон. 29 јануари Во раните утрински часови кога се доставуваа вреќи за телa, неколку војници излегоа од Белата куќа со најмалку стотина деца . За децата се веруваше дека биле малтретирани, измачувани и убиени од политички елити во систем на тунели што се движеле под Капитол Хил и се поврзани со други системи 200 милји. На сè се гледаше како дел од меѓународниот синџир на трговија со деца, управуван од глобални и политички елити, поврзани со педофилскиот остров на Епштајн – кој се граничи со островот Вода на Бајден.

Постот се повикува на текст објавен пред два месеца на германски јазик на веб-страницата news-for-friends.com. Во овој напис нема наведено никаков извор, ниту фотографии или некоја изјава од официјално лице кои би ги потврдиле изнесените наводи. Сето ова ја доведува во прашање вистинитоста на информациите. Замислете вакво нешто навистина да се случило, стотици живи деца и искасапени тела на мртви деца да биле навистина извадени од под некаков тунел. Зарем тоа ќе останело незабележано од јавноста и од медиумите?

Веста дека американските специјални сили извадиле тела и најмалку 100 живи деца од системот на тунели под Белата куќа и Капитол хил во Вашингот е лажна, а тоа го потврдуваат од Министерството за одбрана на САД.

Ве уверувам дека тоа е грешна информација, изјавил портпаролот на Министреството за „Политфакт“, сајт за проверка на фактите.

Во јуни 2020 година, се ширеше слична вест дека 100 илјади деца и детски тела биле пронајдени во тунел што водел до фондацијата „Клинтон“ во Њујорк. „Вистиномер“ ја дебанкираше оваа вест и дојде до заклучок дека станува збор за класични шпекулации и небулози.

Откако аферата „Пицагејт“ од 2016 година спласна, а случајот со обвинетиот американски финансиски магнат Џефри Епстин заврши кога тој се самоуби во својата ќелија во њујоршкиот затвор, каде што го очекуваше продолжетокот на своето судење за организирање малолетничка проституција, „Кју-Анон“ го има преземено наративот за поврзаноста на американската либерална политичка, холивудска и бизнис-елита со педофилија и сатанизам, а Трамп е претставуван како големиот спасител на децата од канџите на злото.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција