Лажна фотографија ги прикажува Трамп, Маск и Хуанг како поздравуваат со тупаници пред кинеското знаме
Фотографијата е лажна. Не постои автентична фотографија на која се прикажани Доналд Трамп, Јенсен Хуанг и Илон Маск како позираат пред кинеското знаме.
Фотографијата е лажна. Не постои автентична фотографија на која се прикажани тројцата мажи како позираат пред кинеското знаме. Исто така, не најдовме ниту една вест со наслов „Трамп, Јенсен Хуанг и Илон Маск се колнат на верност на Кинеската комунистичка партија“, ниту на англиски, ниту на кинески јазик
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Посет.
Објавата споделува и фотографија која ги прикажува американскиот претседател Доналд Трамп, техно-милијардерот Илон Маск и извршниот директор на Нвидија, Џенсен Хуанг, како ги креваат тупаниците пред знамето на Кинеската комунистичка партија.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп беше во државна посета на Кина, придружуван од истакнати американски технолошки директори, вклучувајќи го извршниот директор на Спејс икс, Елон Маск, и извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг. За време на посетата, на социјалните мрежи се прошири фотографијата која ја споделува и објавата која ја анализираме, а за која се тврди дека ги прикажува тројцата мажи како стојат со кренати тупаници пред знамето на Кинеската комунистичка партија, со иронична порака „China first!“ („Кина на прво место“) како алузија на Трамповото мото „America first!“.
На фотографијата се прикажани Трамп, Маск и Хуанг – во темни костуми во иста боја и темно црвени вратоврски со кренати десни тупаници – пред црвено знаме со жолт срп и чекан, што е амблем на владејачката Комунистичка партија на Кина. Фотографијата го има логото на CCTV за кинескиот државен радиодифузен сервис, како и текстуален кајрон на дното.
Кинеските знаци по должината на долниот дел од сликата се преведуваат како „Трамп, Џенсен Хуанг и Илон Маск се колнат на верност на Кинеската комунистичка партија“.
Фотографијата е лажна. Не постои автентична фотографија на која се прикажани тројцата мажи како позираат пред ова знаме. Исто така, не најдовме ниту една вест со наслов „Трамп, Џенсен Хуанг и Илон Маск се колнат на верност на Кинеската комунистичка партија“, ниту на англиски, ниту на кинески јазик.
Фотографијата покажува неколку вообичаени знаци на генерирање на вештачка интелигенција, пишува сајтот за проверка на фактите Лид сторис. Кожата изгледа неприродно, а лицата лошо се вклопуваат со телата на вратот и јаката. Осветлувањето на фигурите е премногу рамномерно во споредба со позадината, а текстурите изгледаат несоодветни низ целата слика. Подигнатите тупаници исто така покажуваат знаци на генерирање на вештачка интелигенција – прстите изгледаат чудно обликувани, а зглобовите споени во облеката, што е честа маана кај сликите генерирани од вештачка интелигенција, се наведува во анализата на Лид сторис.
Дека фотографијата е генерирана со помош на вештачка интелигенција, утврдиле и проверувачите на факти на Сноупс.
Првиот проблем на сликата е што тројцата мажи носат идентични костуми, со вратоврска во иста боја. Фотографиите на „Гети Имиџис“ направени на настани за време на дводневниот престој во Кина каде што сите тројца беа заедно, покажаа дека во ниту еден момент не биле во иста облека. Трамп носи вратоврски во различни бои во текот на дводневната посета, Маск не носи црвенкаста вратоврска и Хуанг исто така не носи црвенкаста вратоврска.
Стиснатите тупаници на мажите се исто така заматени, а палецот на Маск се чини дека се спојува со зглобот на неговиот прст (алатките за генерирање вештачка интелигенција често имаат проблеми со рацете). Преклопот на десните ракави од кошулата на Трамп и Хуанг е исто така потполно ист. Ракавот од кошулата на Маск се чини заматен под црниот костум. Сите овие точки укажуваат дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција или на друг начин дигитално изменета, пишува Сноупс.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме, е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар