Лажна фотографија од 13-годишниот осомничен за убиство од Србија

На фотографијата не е прикажан Коста Кецмановиќ,  седмоодделенецот од Белград кој уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште. Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Тој објавил видео на ТикТок во кое објаснува дека фотографијата е негова, дека е направена во 2020 година и дека истата ја нашол на Пинтерест, од каде што претпоставува дека е преземена

На фотографијата не е прикажан Коста Кецмановиќ, седмоодделенецот од Белград кој уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште. Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Тој објавил видео на ТикТок во кое објаснува дека фотографијата е негова, дека е направена во 2020 година и дека истата ја нашол на Пинтерест, од каде што претпоставува дека е преземена

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува лажна фотографија од 13 годишното момче Коста Кецмановиќ од Србија кој уби 9 лица во училиште, од кои осум деца и чуварот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ПОКАЖУВА СО РАЦЕТЕ 📸
Дали со оваа фотографија го НАВЕСТИЛ масакрот, се вели во  објавата која ја анализираме.

Постот споделува текст, кој информира дека:

Тинејџерот имаше необични објави на својот Инстаграм профил. Во описот на неговиот профил пишува „Најважно е да мочаш по „ку*ви“, а на последната објавена фотографија со двајца пријатели „имитира“ пиштоли со прсти.

Притоа, споделува фотографија наводно од неговиот Инстаграм профил.

Фотографијата од момчето за кое се тврди дека е Кецмановиќ и на која тој наводно имитирал пиштоли со рацете, може да се најде и во други објави (тука, тука).

Но, нашата проверка покажа дека фотографијата е стара неколку години и на неа не е прикажан Коста Кецмановиќ.

Прво, фотографијата ја најдовме на Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии. Под фотографијата закачена од извесен профил “Manga anime…”, може да се забележи коментар од пред две години. Откако фотограффијата стана актуелна, ширејќи се како фотографија од Коста Кецмановиќ, може да се забележат и други понови коментари под неа, во кои прашуваат кое е момчето од левата страна, на што следи коментар, „сигурно не е Коста“.

Вистиномер ја најде фотографијата од момчето и на Јандекс, страница за пребарување фотографии.Фотографијата може да се види на објави на полски јазик од јуни 2022 година.

Фотографијата се појавува и во објави, видеа, на ТикТок споделени од  профилот fashionshop093 во  ноември 2022 година.

@fashionshop093 jaket tebal #tnf #bulang #outfit #tiktokshop #fyp #fyp #fypage #foryou #xyzbca ♬ suara asli – Deri KanciL07

Кое е всушност момчето на фотографијата?

Нашата понатамошна потрага по потеклото на фотографијата, не доведе до профилот на извесен Едвин Хотеа од Романија, кој на ТикТок објавил видео во кое објаснува дека тоа е негова фотографија од 2020 година и дека истата ја нашол на Пинтерест од каде што претпоставува дека е преземена:

Јас не сум од Србија, немам 14 години, ова е моја фотографија, ве молам споделувајте и пријавете ако некој ја користи оваа  фотографија.

@edwinhoteapl Please report any video you see using this photo 🙂 @Notiktok has the video posted. #serbia #schoolshootin ♬ original sound – Edwin Hotea

Во видеото тој прикажува иста таква фотографија, од истото место, со истите лица на неа, но имаат  заземено друга поза. Фотографијата, вели, сè уште ја имам во својот телефон.

Имајќи го предвид сето погоре, можеме да заклучиме дека на фотографијата дефинитивно не е прикажан Коста Кецмановиќ, 13 годишниот убиец од Србија. Фотографијата е преземена од Пинтерест, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Поради тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција