Лажна фотографија од девојки пилоти се споделува како вистинита
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од две млади девојки облечени како пилоти и вели:
Слика на денот со храбрите сестри за остварување на нивниот сон. Сами ,ноодлучни за се !
На фотографијата има напис на српски во кој се посочува:
Денеска конечно ни се оствари сонот, станавме пилоти. За жал, ние сме сираци па нема кој да ни честита.
Објавата во моментот на нашата анализа има 6.200 допаѓања, 1.500 коментари и 22 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи во последно време сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар