Лажна информација дека во Пеќ има заразено лице со КОВИД-19

Информацијата објавена на една Фејсбук страница дека едно лице во Пеќ е заразено со вирусот КОВИД-19, предизвика паника меѓу жителите на овој град.

Страницата на социјалните медиуми наречена: „Гласот на Пеќ“, која ја зголеми својата активност за време на пандемијата со КOVID 19, рашири информации дека едно лице заразено со овој вирус живее во населбата Карагак.

Но, овие информации, според Националниот институт за јавно здравје и Управата за здравство во Пеќ, се покажаа неточни.

Би сакале да ве известиме дека ниту едно лице од населбата Карагак не се тестираше за Ковид-19 , што покажува дека оваа вест е невистинита, неоснована и со лоши намери, пласирана со цел да создаде паника кај жителите од оваа населба, се вели во реакцијата на Управата на здравство во Пеќ

За оваа лажна информација веќе постапува и Обвинителството во Пеќ.

Портпаролот на обвинителството, Шкодран Никчи, изјави дека Обвинителството започнало истрага за да открие кој стои зад оваа страница и ширењето на ваквите дезинформации. Никчи појасни дека Обвинителството издало специјално овластување за полицијата да започне итна истрага.

После реакциите од Управата за здравство и Обвинителството, самата веб-страница ги отстранила (дез)информациите.

Во последните неколку недели полицијата на Косово формира истражен тим кој истражува лажни информации споделени на социјалните медиуми. А, веќе има и неколку случаи под истрага за објавени лажни информации на социјалните мрежи за бројот на заразени лица, како и за луѓе кои биле споменати како заразени, а всушност, немаат никаква врска со вирусот.

 

Пишува: Виртите Грвала 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција