Лажна изјава на Катица Јанева се шири на Фејсбук

Оваа изјава веројатно потекнува од дезинформации/пропаганда на социјални мрежи. Очигледно е дека целта на објавата е политички да поентира преку ширење лажни вести и дезинформации.

Изјавата на фотографијата е измислена. Таква изјава Јанева јавно или официјално не кажала. Оваа изјава веројатно потекнува од дезинформации/пропаганда на социјални мрежи. Очигледно е дека целта на објавата е политички да поентира преку ширење лажни вести и дезинформации

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Фекалиите испливаа на површината.

Објавата е придружена од фотографија на која се наоѓа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, а на неа има и текст, односно наводна изјава на Јанева која гласи:

ЈАС НЕ БЕВ ПОСТАВЕНА ДА ОТКРИВАМ КРИМИНАЛ МЕНЕ МЕ ПОСТАВИЈА ЗА ДА ЈА РАЗНЕБИТАМ ВМРО И ДА ГИ ПОЗАТВОРАМ ТИЕ ШТО ЌЕ ДАВААТ ОТПОР ЗА ДА ЈА ОСИРОМАШИМЕ И ДА ЈА РАСТАРЧИМЕ МАКЕДОНИЈА, СТРАНСКИ СЛУЖБИ НИ ПОМАГАЈА. ГЛАВНИТЕ СЕ ДИМИТРОВ ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА…

Вака припишаната наводна изјава на Катица Јанева, како што може да се види под објавата, предизвикала навредливи и недолилчни коментари.

Вистиномер ја побара оваа наводна изјава на поранешната специјална јавна обвинителка, но не успеавме да ја најдеме.

Текстот на фотографијата, во кој се тврди дека Јанева признала оти била поставена „да ја разнебитам ВМРО, да ги затворам оние што ќе давале отпор…“ и слично, не одговара на ниту еден јавен, проверен цитат од неа што може да се најде во кредибилни медиуми или официјални извори. Нема записи во проверени вести каде Јанева лично би рекла такви работи.

Нема докази дека Катица Јанева навистина дала таква изјава, како што стои на фотографијата.

Она што е факт е дека Катица Јанева беше поставена на чело на Специјалното јавно обвинителство формирано по договорите за надминување политичка криза во Македонија од 2015 година.

За време на нејзиниот мандат и подоцна, имаше критики за нејзината работа од различни политички страни. Но тие не се нејзини изјави, туку обвинувања/оцени од партии или поединци.

Подоцна, Јанева сама беше вмешана во истраги и правни случаи (на пр. случајот „Рекет“ и санкции/обвинувања за корупција од страна на САД), што е документирано во вести од кредибилни медиуми.

Јанева, која беше осудена на седум години затвор и која од 2021 година е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделава си замина дома, односно доби условен отпуст, јавија дел од медиумите.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди 7-годишната затворска казна на Јанева, во која се пресметува и времето поминато во притвор од над една година.

Беше осудена заедно со Бојан Јовановски. Тој за рекет од милион евра земен од тогаш осомничениот Орце Камчев, за наводно да влијае врз Јанева да му понуди спогодба и да не оди во затвор, а Јанева за земање мито (кауч) и наводно неколку илјади евра, кои никогаш јасно не се докажаа ни со очевидци, ни со јасни фотографии, а ни со банкарски трансакции или други јасни докази колку што можеше да забележи јавноста зад стаклото во судницата. По апсењето на Јанева, СЈО се затвори, со поддршка на сите партии во парламентот, напиша СДК.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека изјавата на фотографијата е лажна или измислена. Таква изјава Јанева јавно или официјално не кажала. Оваа изјава веројатно потекнува од дезинформации/пропаганда на социјални мрежи. Очигледно е дека целта на објавата е политички да поентира преку ширење лажни вести и дезинформации.

Поради тоа објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција