Лажна изјава на Заев за ЕУ се претставува како вистинска

Фото: Влада на РСМ/a>

Текстот за „порно филмот“- што се споделува во објавата, е целосно измислен и монтиран врз вистинската вест за политички да се оцрни поранешниот премиер

Вистинскиот контекст зад фотографијата и настанот е следен: Фотографијата е автентична и е направена на Самитот за Западен Балкан во организација на угледниот магазин „The Economist“, кој се одржа во Скопје на 1 октомври 2019 година. Текстот за „порно филмот“- што се споделува во објавата, е целосно измислен и монтиран врз вистинската вест за политички да се оцрни поранешниот премиер

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Кога на власт ќе ти се истопори порно глумец и криминалец,политиките ќе бидат водени со проституција!

Објавата споделува и фотографија од Зоран Заев на кој му се препишува изјава: „Недобивањето на датум од ЕУ ќе биде како порно филм, а јас ќе бидам мажот што оди рано на работа“.

Поранешниот премиер Зоран Заев никогаш нема изјавено вакво нешто. Фотографијата што ја споделува објавата е класична измислица, односно сатиричен меме-колаж.

Вистинскиот контекст зад фотографијата и настанот е следен: Фотографијата е автентична и е направена на Самитот за Западен Балкан во организација на угледниот магазин „The Economist“, кој се одржа во Скопје на 1 октомври 2019 година.

Неговата вистинска изјава во врска со евроинтеграциите беше:

Доколку Европскиот совет не одлучи позитивно и не даде почеток на преговорите со Северна Македонија, ќе го казни најдобриот пример од државите во регионот.

Тој зборуваше за тоа дека земјата предолго е во чекалницата и дека заслужува шанса за трансформација на општеството.

Текстот за „порно филмот“ е целосно измислен и монтиран врз вистинската вест за политички да се оцрни поранешниот премиер.

Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција