Лажна наградна игра: „ДМ“ не доделува пакет производи за 615 денари

Дека станува збор за невистинита објава и лажна наградна игра потврдија од официјалната страница на „ДМ“ маркетите од каде предупредија да не се наседнува на измамата и нагласија дека објавата не е поврзана со нив и нивниот бренд

Дека станува збор за невистинита објава и лажна наградна игра потврдија од официјалната страница на „ДМ“ маркетите од каде предупредија да не се наседнува на измамата и нагласија дека објавата не е поврзана со нив и нивниот бренд

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Се колнам, мислев дека е лага… но вчера ми доставија годишен пакет со средства за домаќинство!!!

Пријателка која работи во dm ми кажа дека добиле нов инвентар за 2026 година и дека веќе немаат место за производите за домаќинство од минатата година.

Затоа покренаа брза акција во која е потребно да се пополни кратка анкета (за да се оправда отпишувањето на залихите од магацин), а потоа ви испраќаат годишен пакет речиси бесплатно — потребно е да се плати само 615 денари.

Линкот до официјалната анкета го оставив во коментарите!

Ја искористив можноста и направив залиха од детергент за перење и избелувач за цела година.

Кутијата е ОГРОМНА

Во склоп на објавата се споделуваат фотографии од кутии со познати брендови на средства за перење алишта, за кои невистинито се тврди дека ќе ги добијат тие што ќе одговорат на анкета, а во првиот коментар под објавата е линкот до анкетата на која доколку одговорите, ќе имате можност да добиете пакет од производите за 615 денари.

Станува збор за невистинита објава којашто има за цел преку измамнички маркетинг и злоупотреба на брендот на „ДМ“ маркетите, да дојде до личните и банкарски податоци на граѓаните за потоа тие финансиски да бидат оштетени.

Кога ќе се одговори на четирите прашања меѓу кои дали пазарите во „ДМ“, пренасочени сте на страница каде невистинито се тврди дека сте добиле „пакет подарок со производи“. Не е вистина дека доколку одговорите на четири прашања и преку својата банкарска сметка платите 615 денари за „достава“ ќе добиете некакви производи. Напротив, податоците од вашата картичка ќе паднат во рацете на измамници коишто ќе може да располагаат со вашите пари, поточно финансиски да ве оштетат.

А потоа граѓаните се пренасочуваат на лажна страница каде од нив се бара да остават лични банкарски податоци. Не го правете тоа бидејќи финансиските средства на вашата банкарска сметка може да бидат украдени.

Дека станува збор за невистинита објава и лажна наградна игра потврдија од официјалната страница на ДМ маркетите од каде предупредија да не се наседнува на измамата и нагласија дека објавата не е поврзана со нив и нивниот бренд.

Почитувани потрошувачи,

Ве информираме дека на социјалните мрежи кружи лажна наградна игра, како и наводен интерен портал на компанијата dm drogerie markt. Ве молиме да не кликате на линковите, да не одговарате на прашањата и да не споделувате лични податоци или какви било други информации, заради ваша безбедност. Сите актуелни наградни игри, конкурси и активности се објавуваат исклучиво на официјалните канали на dm Македонијанапишаа од „ДМ“ маркетите.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција