Лажна наградна игра ги мами граѓаните дека ќе добијат возило „Тојота“
Станува збор за невистинита објава во којашто неосновано се ветува дека ќе биде подарен автомобил.
Станува збор за невистинита објава во којашто неосновано се ветува дека ќе биде подарено возило-камионет. Бројни знаци потврдуваат дека се работи за лажна објава. Најнапред, самата страница од којашто е споделен повикот е неавтентична, не содржи никакви податоци од типот име на компанија, адреса, контакт, и истата има само четири објави – сите за наводната наградна игра во која се подарува возило
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Изберете го бројот на вашиот среќен плик! Денес организираме томбола за 10 камиони Toyota Hilux. Остануваат само 10 добитници, затоа учествувајте со доверба!
Забелешка: Добитниците ќе бидат избрани и известени преку приватна порака.
Во склоп на објавата има фотографии од возилото Toyota Hilux за кој се тврди дека ќе биде подарок. Но, станува збор за невистинита објава во којашто неосновано се ветува дека ќе биде подарено возило. Бројни знаци потврдуваат дека се работи за лажна објава.
Најнапред, самата страница од којашто е споделен повикот е неавтентична, не содржи никакви податоци од типот име на компанија, адреса, контакт, и истата има само четири објави – сите за наводната наградна игра во која се подарува возило. Конкретната страница не е официјалната страница на „Аутовелт“. Страницата е релативно нова, односно во делот на „Транспарентност“ е наведено дека е креирана во август 2025 година, а главна локацијана лицата кои стојат зад оваа лажна страница е Индонезија.
На официјалната страница на „Аутовелт“ која има 46 илјади следбеници, нема објава за ваква наградна игра.
Невистинитите наградни игри со донирани автомобили сè почесто се појавуваат на Фејсбук, користејќи ја довербата на граѓаните и слабата медиумска писменост. Измамниците најчесто се претставуваат како познати компании, неовластено злоупотребувајќи логоа и фотографии за да создадат привид на легитимност. Со пораки што ветуваат „бесплатен автомобил“ тие ги злоупотребуваат емоциите на корисниците и ја поттикнуваат брзата реакција без проверка на информациите.
Целта на ваквите кампањи ретко е самата награда – вистинската цел е прибирање лични податоци или финансиска корист преку злоупотреба на лични и банкарски податоци, поради што граѓаните не треба да споделуваат податоци од своите банкарски картички, ниту да испраќаат друг вид на свои лични и банкарски податоци.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар