Лажна наградна игра ги мами граѓаните дека се подарува луксузен автомобил

Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на автосалон или продажен салон за автомобили, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостоен автосалон. Другите споделени содржини на страницата се информации и вести со сензационалистички наслови, исто така со кликбејт содржина и водат до сајтови без автори на истите

Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на автосалон или продажен салон за автомобили, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостоен автосалон. Другите споделени содржини на страницата се информации и вести со сензационалистички наслови, исто така со кликбејт содржина и водат до сајтови без автори на истите

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат фотографии од луксузен автомобил и пишува:

За да го прославиме нашето големо отворање, подаруваме еден од овие прекрасни автомобили на Автозубак. Едноставно напишете @ и кликнете на означената кутија. Ако стане сино, влегуваш и Лајкнете Страницата и Споделите Објавата. Победникот ќе биде извлечен на 21-ти. септември во 20:00 часот.

Станува збор за кликбејт невистинита „наградна игра“. Не се доделува никаков автомобил. „Вистиномер“ пронајде идентична објава на друга Фејсбук-страница од август 2025 година во која се дава истото невистинито ветување и податоци дека некој ќе добие луксузен автомобил, што не е остварено.

Инструкциите дадени во објавата, имаат за цел да ги известат сите следачи на групата дека објавата постои (кога ќе се напише @followers сите следбеници на групата добиваат известување), на начин што се дава инструкција да се тагираат сите следачи, но не за да се влезе во учество во наградна игра за скап луксузен автомобил, туку со цел да се направи објавата што повирална и истата да привлече поголем сообраќај за групата и за страницата. На самата страница, не се дадени никакви релевантни и кредибилни спонзори кои би финансирале автомобил вреден илјадници евра. И на претходната објава на друга страница – од август 2025, каде се споделени истите фотографии за наводно истата „награда“, не е објавен добитникот.

Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на автосалон или продажен салон за автомобили, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостоен автосалон. Другите споделени содржини на страницата се информации и вести со сензационалистички наслови, исто така со кликбејт содржина и водат до сајтови без автори на истите.

Доколку се работеше за автосалон или продажен салон за автомобили, ќе имаше адреса на која истиот се наоѓа, но и официјален контакт, начин на комуникација со јавноста на социјалните мрежи кој е унифициран, што во случајов не постои.

Единствената цел на оваа објава која користи невистинито ветување дека ќе биде доделен автомобил, е да се искористи ваквото невистинито ветување за да се мотивираат (под лажни услови) што поголем број на корисници на социјалните мрежи да ја прават оваа објава што повирална, да коментираат во склоп на коментарите и на таков начин Фејсбук страницата што стои зад објавата да добива посетители, следачи и сообраќај.

Овие измамнички шеми ги искористуваат надежите на корисниците за лесно богатство, што често доведува до разочарување и потенцијални безбедносни ризици. Од клучно значење е да останете внимателни, да пријавите таква измамничка содржина и да избегнувате да влегувате во интеракции со објави кои ветуваат нереални награди за минимален напор. Важно е да се запамети дека легитимните наградни игри никогаш нема да бараат лични информации преку коментари и секогаш ќе имаат проверливи извори и јасни, официјални упатства.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција