Лажна наградна игра го злоупотребува брендот на фабриката „Европа“

Целта е да се изманипулираат граѓаните да оставаат свои лични податоци и податоци од своите банкарски сметки, за потоа измамниците да пристапат до нив

Во склоп на објавата има линк кој води до невистинитата „наградна игра“. Во објавата всушност се злоупотребува брендот на компанијата „Европа“ и се мамат граѓаните. Целта е тие да се изманипулираат да оставаат свои лични податоци и податоци од своите банкарски сметки, за потоа измамниците да пристапат до нив

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Совет од мојата сестра, која работи во Evropa: Малкумина знаат, но можете да добиете подарочен пакет чоколадо Evropa ако пополните кратка анкета. Ова е по повод 150-годишнината на компанијата! Јас самата учествував во анкетата и добив голема кутија со различни видови чоколадо. Не знам колку долго ќе трае акцијата, но ќе оставам линк до анкетата во коментарите.
Во склоп на објавата има линк кој води до невистинитата „наградна игра“. Во објавата всушност се злоупотребува брендот на компанијата „Европа“ и се мамат граѓаните. Целта е тие да се изманипулираат да оставаат свои лични податоци и податоци од своите банкарски сметки за потоа измамниците да пристапат до нив. Доказ дека се работи за лажна наградна игра којашто воопшто не е поврзана со „Европа“ туку само е злоупотребен брендот – е тоа што линкот во просторот за адресата не е поврзан со Европа туку носи префикс https://stoneplains.life/.
Не е точно наведеното во објавата дека „Европа“ слави 150-годишнина, бидејќи постои од 1882 година, што значи 143 години. Профилот од кој е споделена невистинитата наградна игра е сиромашен со информации и не е автентичен .
Не е точно дека Европа доделува „семеен пакет“, а лажната наградна игра содржи огромен број на графички елементи за да измами што поголем број на граѓани. Невистинито, со злоупотреба на фотографии и текст се даваат дезинформации – дека „Европа има специјална празнична промоција со семеен сет од само 120 денари“. Оваа мамка служи само за да ги оставите банкарските податоци кои подоцна ќе бидат злоупотребени и ќе бидете финансиски оштетени. Во објавата има бројни технички грешки кои сведочат за тоа дека е правена компјутерски и дека има недостатоци – пишува дека „промените се ограничени“ наместо „количините“.
Скриншот од невистинита наградна игра со злоупотреба на брендот на „Европа“

Уште една често користена манипулативна тактика е тоа што под објавата во просторот за коментарите има коментари генерирани со вештачка интелигенција во кои се дезинформира дека некои луѓе веќе „ги примиле“ пакетите што не е вистина. Коментарите се измислени и креирани од профили што не се македонски.

Исто така, креирана е и невистинита фискална сметка во склоп на најавната фотографија за лажната наградна игра, којашто не е на македонски јазик, а логото на фабриката за чоколади „Европа“ од С. Македонија не кореспондира со логото на „Европа“ коешто е во фотографијата:

Фотографија од невистинитата објава со невистинитата „фискална сметка“

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција