Лажна наградна игра: КАМ не подарува картичка со 30.000 денари
Од официјалната Фејсбук страница на КАМ маркетите којашто има над 300 илјади следбеници соопштија дека се работи за лажна наградна игра која не е поврзана со нив
Од официјалната Фејсбук страница на КАМ маркетите којашто има над 300 илјади следбеници соопштија дека се работи за лажна наградна игра која не е поврзана со нив
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Посети ја веб-страницата и преземи ја твојата картичка! Имате точно 32 години? Честитки! Имате одлична можност да добиете подарочна картичка во вредност од 30.000 денари од KAM, ако сега имате точно 32 години! КAM организира акција во која секој жител на Северна Македонија што има точно 32 години може да добие подарочна картичка од 30.000 денари за купување во продавниците на KAM! Посети ја веб-страницата и преземи ја твојата картичка!
Првата продавница на КАМ датира од 1995 година, со отворањето на првата продавница во приземјето на Градски Трговски Центар во Скопје, од страна на фирмата основач КАМФУД (сега КАМ ИМОБИЛИЕН). Отворањето на првата продавница во центарот на Скопје е настан кој го означи почетокот на една приказна за успешен и брз развој. До крајот на 2015 година, КАМ маркетите веќе станаа вообичаена глетка низ цела Македонија. Експанзијата на КАМ во Македонија траеше во континуитет во изминатите години се претвори во еден од најголемите синџири од маркети за прехранбени и непрехранбени производи. КАМ има мрежа од 85 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во Бугарија, пишува на официјалната страница на КАМ.
Исто така, страницата од која се споделува објавата што ја рецензираме не е официјалната страница на КАМ маркетите којашто на Фејсбук има 339 илјади следбеници. Страницата не е официјалната, ниту пак, е на некој начин поврзана со брендот на КАМ.
Токму на официјалната Фејсбук страна на КАМ е објавено следното соопштение до јавноста:
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!Почитувани потрошувачи, на социјалните мрежи кружат повеќе лажни наградни игри под името на КАМ, кои НЕ се организирани од наша страна и немаат никаква поврзаност со нашата компанија. Kружат повеќе варијанти од лажни наградни игри со таргет на различна годишна возраст! Ве советуваме да не ги споделувате вашите лични податоци доколку наидете на вакви објави!За да бидете сигурни дека сте на нашата вистинска страница, проверете дали постои СИНА ЗНАЧКАдо името на профилот – тоа е единствениот доказ дека се наоѓате на официјалниот профил на КАМ и дека информациите доаѓаат директно од нас. Ви благодариме за довербата и бидете внимателни, се наведува на официјалната страница на КАМ.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар