Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите
ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн. Исто така, страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите, туку е лажна. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во Република Северна Македонија и таа не е онаа од која се споделуваат лажните повици за наводна наградна игра
ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн. Исто така, страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите, туку е лажна. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во РС Македонија и таа не е онаа од која се споделуваат лажните повици за наводна наградна игра
Рецензираме пост на Фејсбук што е исклучително вирален, односно споделен над 110 пати, а во којшто е изнесена лажна информација. Постот, всушност, е споделен и од лажна фан-страница на ДМ дрогериите во Македонија и во него се тврди:
ПОВТОРНО КОНКУРС !!Денес, нашата продавница по случаен избор подели 300 ваучери за пазарење.Изберете ја првата буква од вашето име, а потоа споделете ја оваа објава.
Драги наши, би сакале да ве известиме дека се појави ЛАЖНА страна на Фејсбук која се претставува во наше име, а воедно има објавено наградна игра која НЕ ја организираме ние. Ве замолуваме да бидете внимателни и да не споделувате никакви лични податоци. Ова е единствената официјална страна на dm во нашата земја. Ви благодариме на разбирањето, апелираа од компанијата.
Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар