Лажна наградна игра: „Жито маркети“ не доделуваат луксузен автомобил
Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на познат ланец маркети, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостојна Фејсбук страница.
Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на познат ланец маркети, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостојна Фејсбук страница. На страницата нема никакви основни информации за контакт, а во делот на транспарентност може да се види дека таа е формирана на 16 јануари
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
За да го прославиме нашето официјално отворање, подаруваме еден од овие прекрасни автомобили Volkswagen Tiguan R-Line, новиот модел од 2026 година. Едноставно напишете @ и потоа кликнете на истакнато. Ако бојата стане сина, влегувате во натпреварот. Победникот ќе биде извлечен на 20 јануари во 19:00 часот.
Објавата која го користи логото на „Жито маркети“ е доста вирална и во моментот на нашата анализа таа има повеќе од 10 илјади допаѓања, над 30 илјади коментари и 5,9 илјади споделувања.
Под објавата, на следбениците им се даваат „насоки“ како да се учествува во наградната игра, односно им се сугерира да коментираат @истакнато додека не посине.

Станува збор за кликбејт невистинита „наградна игра“, односно, не се доделува никаков автомобил.
Инструкциите дадени во објавата, имаат за цел да ги известат сите следбеници на групата дека објавата постои (кога ќе се напише @истакнато сите следбеници на групата добиваат известување), на начин што се дава инструкција да се тагираат сите следбеници, но не за да се влезе во учество во наградна игра за скап луксузен автомобил, туку да се направи објавата што повирална и истата да привлече поголем сообраќај за групата и за страницата. На самата страница не се дадени никакви релевантни и кредибилни спонзори кои би финансирале автомобил вреден илјадници евра.
Иако страницата од која се споделува повикот за непостоечката наградна игра е со име што асоцира на познат ланец маркети, сепак тоа не е така. Ниту еден кредибилен знак не укажува на тоа дека се работи за веродостојна Фејсбук страница. На страницата нема никакви основни информации за контакт а во делот на транспарентност, може да се види дека таа е креирана на 16 јануари.
Доколку се работеше за кредибилна Фејсбук страница, ќе имаше адреса на која се наоѓа фирмата што ја организира наградната игра, но и официјален контакт, начин на комуникација со јавноста на социјалните мрежи кој е унифициран, што во случајов не постои.
Единствената цел на оваа објава која користи невистинито ветување дека ќе биде доделен автомобил, е да се искористи ваквото невистинито ветување за да се мотивираат (под лажни услови) што поголем број на корисници на социјалните мрежи да ја прават оваа објава што повирална, да коментираат во склоп на коментарите и на таков начин Фејсбук страницата што стои зад објавата да добива посетители, следбеници и сообраќај.
Со реакција за лажната наградна игра се јавија и „Жито маркети“ на својата официјална Фејсбук страница:
Почитувани купувачи,
на социјалните мрежи се појави лажна Facebook страница која го злоупотребува името и логото на Жито Маркети и лажно организира наградна игра со доделување автомобил.
Ве информираме дека Жито Маркети нема никаква поврзаност со оваа објава и во моментов не организира ваква наградна игра.
Ве советуваме:
да не внесувате и не споделувате лични податоци,
да не кликате на сомнителни линкови,
да ја пријавите лажната страница.
Официјалните информации на Жито Маркети секогаш се објавуваат исклучиво преку нашите официјални дигитални канали за комуникација.

Ваквите измамнички шеми ги искористуваат надежите на корисниците за лесно богатство, што често доведува до разочарување и потенцијални безбедносни ризици. Од клучно значење е следбениците на социјалните мрежи да бидат внимателни, да пријават измамничка содржина и да избегнуваат да влегуваат во интеракции со објави кои ветуваат нереални награди за минимален напор. Важно е да се запамети дека легитимните наградни игри никогаш нема да бараат лични информации преку коментари и секогаш ќе имаат проверливи извори и јасни, официјални упатства.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар