Лажните вести ѝ претходеа на кампањата против Вјоса Османи

 

Пишува: Емирјета Влахиу

Фотографијата на двајца мажи облечени во воени униформи од поранешна Југославија со лажен опис е почетна точка на кампањата против Вјоса Османи, претседател на Собранието на Косово.

На социјалните мрежи и информативните портали во Косово, кружеше фотографија во која се тврди дека е таткото на Вјоса Османи, дополнително веста е придружена со информации дека тој бил дел од српската полиција за време на владеењето на Слободан Милошевиќ.

Со објавувањето на фотографијата започна кампања против претседателот на Собранието, Вјоса Османи, но информациите се покажале лажни и за тоа одлучила Комисијата за пишани медиуми (КПМК).

Покрај лажните извештаи во он-лајн медиумите,  во обвинувањата против Османи  е вклучен и косовскиот претседател Хашим Тачи. На неколку настапи тој ги цитираше овие информации како вистинити, обвинувајќи го семејството на Османи за соработка со Милошевиќ.

Наспроти ова Вјоса Османи ги квалификува ваквите информации какко клевета.

 Секако, татко ми не е на таа слика и секако дека лагата дека работел за Србија е уште една клевета на оние што го вратија Косово денес, во зависност од Белград. За жал за нашата земја, на ваквите клевети им служат и некои псевдо-портали кои станаа пропагандни алатки на граничните трговци , напиша Османи на Фејсбук.

Раиф Османи, таткото на Вјоса Османи, му приложи доказ на Советот за медиуми дека  пишувањата не се вистинити,  по што Советот одлучи дека таквите информации не се точни и заклучи дека се нарушени професионалните новинарски принципи.

(Интерњуз Косово)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција