Лажно интервју на Трамп за Си-ен-ен се споделува како вистинито
Вистиномер ја побара оваа изјава на Трамп, со цел да видиме каде и кога ја дал, но не успеавме да ја најдеме во ниту еден кредибилен светски медиум. На официјалната веб-страница на Си-ен-ен, не најдовме вакво интервју со Трамп. Франс 24, ја контактирале редакцијата на Си-ен-ен од каде им изјавиле дека такво интервју со Трамп немале, односно дека истото е лажно. Ако се погледне фотографијата на Трамп, споделена во објавата на Икс која го пренесува лажното интервју на американскиот претседател за Си-ен-ен, во долниот десен агол ќе се забележи знакот на Grok XI, четботот на Илон Маск

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводна изјава на Трамп во врска со преговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Објавата споделува напис во кој американскиот претседател наводно изјавува дека на преговорите ќе бидат само тој и Путин и дека нема да поканат претставници на Европа. За Европската Унија, како што пренесува написот, Трамп вели:
Нивните претставници треба да одат во војна, им треба долгорочен конфликт, за да ја прикријат нивната неспособност, нивните лоби и нивните украдени пари. ЕУ веќе ја класифицирам како земја од трет свет, ама малку е подобро, никој ништо не им диктира. Нема да преговарам со никој што сака да го пролонгира конфликтот, нема да преговарам со никој што ќе испрати повеќе оружје, нема да преговарам со тие што ќе се обидат да добијат повеќе муниција, нема да преговарам со никој што ќе се обиде да го продолжи конфликтот. Ќе преговарам за мирот, кој очигледно е многу цензуриран збор во ЕУ.
Вистиномер ја побара оваа изјава на Трамп, со цел да видиме каде и кога ја дал, но не успеавме да ја најдеме во ниту еден кредибилен светски медиум.
Изјавата единствено успеавме да ја најдеме на социјалната мрежа Икс, каде е споделена како наводен извадок од интервју на Трамп дадено за Си-ен-ен. Објавата е со дата од 16 февруари 2025 година.
На официјалната веб-страница на Си-ен-ен, не најдовме вакво интервју со Трамп.
Франс 24, ја контактирале редакцијата на Си-ен-ен од каде им изјавиле дека такво интервју со Трамп немале, односно дека истото е лажно.
Ако се погледне фотографијата на Трамп, споделена во објавата на Икс која го пренесува лажното интервју на американскиот претседател за Си-ен-ен, во долниот десен агол ќе се забележи знакот на Grok XI, четботот на Илон Маск.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар