Лажно се тврди дека дете од Македонија е на операција во Анкара за да се соберат лајкови

Ова дете не е од Македонија, не се вика Никола, не е на операција во Анкара, Турција и причината поради која е злоупотребена оваа фотографија е најверојатно за да се креира лажно висок сообраќај за да се донесат што поголем број на корисници да ја заследат Фејсбук страницата која ја споделува објавата

 

Ова дете не е од Македонија, не се вика Никола, не е на операција во Анкара, Турција и причината поради која е злоупотребена оваа фотографија е најверојатно за да се креира лажно висок сообраќај за да се донесат што поголем број на корисници да ја заследат Фејсбук страницата која ја споделува објавата

 

Сè почесто на Фејсбук, особено од различни групи во кои што членуваат илјадници членови, се споделуваат фотографии од деца со медицински компликации или медицински состојби, а за кои се тврди дека се наводно од Македонија, дека им се потребни молитви и се замолува граѓаните да не ги игнорираат ваквите објави или да ги споделуваат. Оваа стратегија, најверојатно има за цел да ја засили популарноста на одредена Фејсбук група, која ги пласира ваквите фотографии, иако тие фотографии воопшто не се од деца од Македонија, немаат врска со македонскиот контекст, се шират насекаде во други земји на различни јазици и многу често се стари и по неколку години.

Таков е случајот и со објавата која ја оценуваме како комплетно невистинита во продолжение.

Ве молам молете се за нашиот Никола! На операција е во Турција, Анкара и крвари од очите и носот. Тромбоцитите се многу ниски. Не го игнорирајте! Помолете се за него! Споделете ја сликата за поддршка за да ја видат и други и да се помолат за него!, пишува во објавата.

Сепак, ова дете не е од Македонија, не се вика Никола, не е на операција во Анкара, Турција и причината поради која е злоупотребена оваа фотографија е најверојатно за да се креира лажно висок сообраќај за да се донесат што поголем број на корисници да ја заследат Фејсбук страницата која ја споделува објавата.

Како што може да се види, оваа објава, со истата фотографија и истиот текст, споделувана е и во 2019 година, во декември, на Фејсбук страница на шпански јазик, а таму детето е претставено како Нејтан, не се споменува дека е во Анкара во болница, туку само дека е хоспитализиран, а останатиот дел од описот, заедно со апелите за споделување на оваа фотографија остануваат исти.

Истата фотографија е споделена уште порано, и во јули 2019 година, а во овој пост се тврди дека детето има канцер. Најраниот период кој на пребарувачот Гугл може да се најде за оваа фотографија е март 2019 година.

Постот, кој е ставен во македонски контекст и кој злоупотребува фотографија најверојатно со цел да генерира висок сообраќај на Фејсбук страницата што го пласира, го оценуваме како невистинит, односно манипулативен за јавноста. Истиот е споделен дури 7.5 илјади пати.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција