Лажно тврдење за инцидент во Загреб

Според информациите објавени во хрватските медиуми, не станува збор за напад во самоодбрана, уште помалку за напад од мигрант. Мажот на снимката е турист од Филипини кој без никаква причина бил нападнат од девојката, која пак од претходно ѝ била позната на полицијата по своето насилничко однесување.

Според информациите објавени во хрватските медиуми, не станува збор за напад во самоодбрана, уште помалку за напад од мигрант. Мажот на снимката е турист од Филипини кој без никаква причина бил нападнат од девојката, која пак од претходно ѝ била позната на полицијата по своето насилничко однесување

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Девојка во самоодбрана нападнала мигрант

На социјалните мрежи се појави снимка од инцидент во центарот на Загреб, на која се гледа физичка пресметка меѓу девојка и мигрант. Според објавите, девојката реагирала во самоодбрана, по што дошло до тепачка на улица. Настанот предизвикал големо внимание кај минувачите, кои останале во шок од случувањата. Дел од присутните ја коментирале и храброста на девојката.

Засега нема официјални информации од полицијата за околностите под кои се случил инцидентот. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Објавата споделува и видео на кое се гледа како девојка физички напаѓа маж, го тепа и го бутка на земја.

Според информациите објавени во хрватските медиуми, не станува збор за напад во самоодбрана, уште помалку за напад од мигрант. Имено, мажот на снимката е турист од Филипини кој без никаква причина бил нападнат од девојката, која пак од претходно ѝ била позната на полицијата по своето насилничко однесување.

Полицијата ја уапси девојката откако снимката од дивјачкиот напад, кој се случи на улицата „Илица“ на 2 мај, стана вирална на социјалните мрежи. На снимката се гледа како млада жена удира и клоца маж додека тој се обидува да ги избегне ударите. Нападнатиот маж е филипински државјанин кој бил во Загреб како турист, но живее и работи во Дубаи во последните десет години, кадешто води сопствена компанија. Тој рече дека нападот се случил околу 3 часот наутро, кога се враќал во својот стан, пишува Индекс.хр.

Порталот Дневник.хр пренесува и изјава од нападнатиот турист:

Кратко откако го напуштив клубот, една жена одеднаш се стрча кон мене, ме удри во лицето со торба и почна да ме напаѓа. Првиот удар веднаш ме дезориентираше, бев збунет и не знаев зошто ме напаѓа.

Тој додал дека избегал од местото на настанот, бидејќи се плашел дека напаѓачите може да се вратат и да продолжат со тепањето.

Девојката е кривично гонета, соопшти загрепската полиција.

Полициски службеници од Полициската управа во Загреб завршија кривична истрага против 21-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело насилно однесување врз 37-годишен филипински државјанин (странец на туристички престој во Република Хрватска), соопшти полицијата.

Од сето ова, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција