ЛЦ „Ваикики“ не продава облека за 125 денари
Доколку ја посетите официјалната страница на ЛЦ Ваикики и нивните профили на социјалните мрежи ќе забележите дека не постоjaт пакети облека за 125 денари, ниту, пак, има промоција на било кој производ по таква цена
Доколку ја посетите официјалната страница на ЛЦ Ваикики и нивните профили на социјалните мрежи ќе забележите дека не постоjaт пакети облека за 125 денари, ниту, пак, има промоција на било кој производ по таква цена
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се продава облека од „ЛЦ Ваикики“ за само 125 ден. Ова е лажна реклама.
Во постот стои:
ЛС Ваикики се ослободува од облеката од минатогодишните колекции за да направи простор за новата облека, па затоа ги спакува старите колекции во кутии што можете да ги добиете за само 125 ден.
За да направите нарачка, кликнете на линкот подолу.
За да се измамат граѓаните се споделува и фотографија од продажен центар на брендот „ЛЦ Ваикики“.
Доколку се кликне на линкот се отвора нова страница (https://weekwinsale.shop) која нема никаква врска со официјалната страница на „ЛЦ Ваикики“ во која се манипулираат посетителите дека со само три прашања и за 125 денари ќе добијат пакет облека од брендот „Ваикики“. Злоупотребено е и логото на „Ваикики“. На страницата пишува:
Честитки! Секоја година на складиштата на продавницата се акумулира голема количина на непродадени производи. Согласно тековната политика, LC WAIKIKI може да ги уништи овие производи, но компанијата организира хуманитарна акција и случајно ги распределува загадочните кутии за само 125 ден!
Доколку сакате да добиете загадочна кутија, потврдете дека сте вистинска личност со одговарање на 3 прашања.
Побрзајте, количината на кутии е ограничена!
За да биде поубедлива измамата како едно од прашањата е да се избере големина на облеката.
Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.
Оваа објава го злоупотребува името и логото на брендот „ЛЦ Ваикики“ за да го привлече вниманието на корисниците, но,нема никаква формална врска помеѓу оваа компанија и овие измамници. Доколку ја посетите официјалната страница на „ЛЦ Ваикики“ и нивните профили на социјалните мрежи ќе забележите дека не постоjaт пакети облека за 125 денари, ниту, пак, има промоција на билокој производ по таква цена.
На веб-страницата со анкетата (https://weekwinsale.shop/)наведени се низа лажни коментари од измислени профили кои се обидуваат да ја легитимизираат оваа лага.
Лажни коментари од ботови има и на самата Фејсбук објава на којашто се споделува лажната реклама.
Фејсбук страницата на која се споделува измамничката реклама нема допирна точка со брендот „ЛЦ Ваикики“. Се вика Продажба на облека во Македонија и има само 128 допаѓања.
Создадена е пред само една недела, наменски за злоупотреба и измама.Нема ниту основни податоци, фирма, седиште и контакт.
Споделени се само шест објави и тоа сите исти измамничка реклама со различни фотографии од продажни салони на „ЛЦ Ваикики“.
Очигледно е дека објавата што ја рецензираме има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби.
Граѓаните мора да внимаваат каде оставаат свои податоци, особено кога станува збор за вакви сомнителни Фејсбук страници.
Според горенаведеното, оваа објава ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар