Лекарите не го убиле младиот битолчанец, тој избегал од болницата и испил седативи

Манипулативна објава на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека  млад битолчанец минататa недела починал од негрижа во болницата. Наспроти ваквите наводи во постот, официјално беше соопштено дека пациентот избегал од болницата и заминал дома, по што испил седативи и заспал. Кога бил вратен во болницата бил со пена на уста и неконтактибилен

Манипулативна објава на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека млад битолчанец минататa недела починал од негрижа во болницата. Наспроти ваквите наводи во постот, официјално беше соопштено дека пациентот избегал од болницата и заминал дома, по што испил седативи и заспал. Кога бил вратен во болницата бил со пена на уста и неконтактибилен

 

Пост на Фејсбук шири лажни вести за инцидент кој минатата недела се случи во Битола, кога млад битолчанец побегнал од ковид-центарот по што бил вратен назад, но починал. Проблемот е што авторот на овој пост манипулира со наслов на еден сајт, не објавувајќи ги целосно информациите содржани во текстот и на тој начин создава погрешна слика во јавноста дека некој намерно ги убива пациентите заболени од Ковид-19. Постот во моментот на нашата рецензија има 141 реакција, 47 коментари и 24 споделувања.

Стандардна шема од концентрационите логори , мора да послужи како пример за никој да не го повтори делото. Бил способен да побегне, а откако е вратен починал? Разлика неколку саати? Сите оние што се критична состојба или пак ја губат битката со короната, не се во состојба сами да се напијат вода , ниту самостојно да дишат, а човеков станал и им побегнал од болница. Значи не бил во критична состојба и не ја губел битката, а откако е вратен починува? И викате црните крави чоколадно млеко даваат?, се вели во објавата.

Надолу под постот се редат коментари со поддршка од типот дека „тоа е агендата да се сотре човековиот род“, „многу луѓе побегнале кога виделе дека ќе бидат убиени“, „сигурно не умрел од нивниот измислен ковид“, „го утепале, јасно е“ и слично.

 

Која е вистината за младиот битолчанец?

Како што објавија речиси сите медиуми, вклучително и медиумот чијшто наслов се пренесува во постот и со кој се манипулира, младиот битолчанец бил заболен од Ковид-19, но побегнал од болница, заминал дома и испил непозната количина седативи по што состојбата му се влошила, била повикана Брза помош, но неуспешно го реанимирале. Битолчанецот бил вратен во болница, но неконтактибилен, без витални параметри и тој починал.

Во 18 часот пациентот бил донесен со возило на Итната помош и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата. Според кажувањата на медицинската екипа од итната помош пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало итна помош кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија, но без ефект, по што е донесен на инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на КОВИД одделот биле превземени реанимациони мерки, но без одговор. Во 18,45 часот настапила смртта. Во системот не постојат внесени коморбидитети, информираа од Министерството за здравство.

Случајот со бегството на пациентот бил пријавен и во полиција, соопшти СВР-Битола.

Значи, не станува збор за никакво убиство, како што сугерира авторот на постот, туку пациентот избегал од болницата по што испил седативи и починал. Кога бил вратен во болницата бил со пена на уста и неконтактибилен.

Чиста невистина е тврдењето дека некој во болницата го убил младиот битолчанец и дека некој, наводно, намерно спроведува некаква агенда за преполовување на човечкиот род.

Споделувањето на вакви објави е штетно и опасно, бидејќи се манипулира со јавноста преку ширење на дезинформации. Со појавата на коронавирусот се појавија и многу теории на заговор, меѓи кои и таа дека вирусот е измислен и дека некој намерни ги убива луѓето за да се намали популацијата. Се разбира, сите овие информации се невистинити

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција