Лекарската комора бара итна реакција за лажните и манипулативни реклами за т.н. медицински производи

Фото: Image by Ri Butov from Pixabay

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет. Во вакви огласи и текстови често се појавуваат измислени изјави или интервјуа на вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии што е целосно незаконски. Лекарите не даваат дозвола за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати поради што ова може да се смета за кражба на идентитет, лажно рекламирање и злоупотреба на лични податоци за остварување на материјална корист. Дополнително ги предупредуваме граѓаните дека ваквите производи може да содржат материи кои сериозно би наштетиле на нивното здравје, велат од Лекарската комора

Лекарската комора, како професионално здружение на сите доктори по медицина, ги осуди сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни форми на реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и постапки за лекување во кои се злоупотребува нивниот идентитет и професионален интегритет.

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет. Во вакви огласи и текстови често се појавуваат измислени изјави или интервјуа на вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии што е целосно незаконски. Лекарите не даваат дозвола за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати поради што ова може да се смета за кражба на идентитет, лажно рекламирање и злоупотреба на лични податоци за остварување на материјална корист, се вели во соопштението на Лекарската комора.

Лекарската комора од надлежните институции бара навремено и ажурно да постапат по поднесените кривични пријави и да ги санкционираат овие случаи, со што би се заштитиле докторите и би се спречило повторување на овие случаи.

Дополнително ги предупредуваме граѓаните дека ваквите производи може да содржат материи кои сериозно би наштетиле на нивното здравје. Дури и во случај кога препаратите не содржат штетни материи, со самото тоа што им се препишуваат лековити својства кои реално не ги поседуваат, граѓаните намерно се доведени во заблуда и со тоа се загрозува нивното здравје. Поради тоа, би ги посоветувале пациентите, кога одлучуваат да ја променат терапијата, да почнат нова или во постоечката да вклучат нов препарат, задолжително да се консултираат со својот матичен лекар или специјалист, бидејќи само тие можат да им помогнат да донесат правилна одлука за нивното здравје и во никој случај не смеат да се поведуваат по реклами на интернет и по туѓи искуства, велат од комората.

Вистиномер во многу наврати има дебанкирано објави (тука, тука, тука, тука) каде што се рекламираат различни производи кои лекуваат безброј болести, а на кои не им е познат ниту составот, ниту пак производителот.

Пред еден месец, на Фејсбук беше пласирано лажно интервју на извесен новинар Кристи Лиивовгејт со ексминистерот за здравство Венко Филипче. Во текстот, Филипче наводно промовира производ, Cardione, кој корисниците на социјалните мрежи се наведуваат да го купат, бидејќи наводно ќе им ги прочистел крвните садови. Исто така, во пост на Фејсбук се рекламираше извесен лек за паразити, злоупотребувајќи го името на професорот д-р Никола Пановски. Сето ова се прави со цел да се привлечат што е можно повеќе купувачи на производите чие потекло и состојки не се целосно познати и не постојат цврсти медицински докази дека производите навистина се лек за одредени болести.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција