Леонардо Ди Каприо не донирал 10 милиони долари за Украина
Извор близок до проверувачите на факти на „Си Ен Ен“, за истоимениот медиум потврдил дека Ди Каприо не донирал 10 милиони долари за Украина и нема членови од семејството од Одеса или од кое било друго место во Украина. Дека тврдењето за 10 милионската донација на Ди Каприо е невистинито, исто така, оцениле и проверувачите на факти на „Политифакт“
Извор близок до проверувачите на факти на „Си Ен Ен“, за истоимениот медиум потврдил дека Ди Каприо не донирал 10 милиони долари за Украина и нема членови од семејството од Одеса или од кое било друго место во Украина. Дека тврдењето за 10 милионската донација на Ди Каприо е, исто така, невистинито, оцениле и проверувачите на факти на „Политифакт“
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто е линкуван текст во кој се тврди дека актерот Леонардо Ди Каприо донирал 10 милиони долари како помош за Украина, а дека причините за тоа, меѓу другото, лежат и во фактот што баба му била од Одеса.
Во текстот кој е споделен се вели дека Ди Каприо изјавил дека Украина е земја за која е длабоко приврзан, бидејќи баба му од страната на мајка му, Хелена Инденбиркен била родена во украинскиот град Одеса како Јелена Степановна Смирнова. Потоа во текстот се додава дека бабата на актерот со родителите се преселила во Германија во 1917 година, каде што била родена мајката на Ди Каприо, што многу влијаело на неговото воспитување.
Како се прошири приказната
Прво вебсајтот наречен GSA News, објави кратка сторија дека украински извори тврдат дека Ди Каприо трансферирал 10 милиони долари за украинската влада и дека тој има украински корени.
Сопственикот на сајтот GSA News, Петрик Карпен се извинил за „Си Ен Ен“ за лажната приказна, додал дека немал лоши намери кога ја објавил и дека ќе ја повлече, што и се случи. Според тоа што сопственикот на медиумот го кажал на проверувачите на факти на „Си Ен Ен“, примарниот извор за неговата објава за наводната донација од 10 милиони долари бил Фејсбук пост на жена од Украина како и други украински постови со иста содржина коишто се ширеле со невидена брзина. Бидејќи неговиот сајт нема многу голема читаност, тој си велел дека ќе го избрише „тивко“ текстот без некакви големи консеквенции за неколку денови. Но, на негово изненадување, текстот стана исклучително вирален, па беше пренесен во многу голем дел медиуми насекаде во светот!
После тоа, страница на Твитер со 190 илјади следачи ја прошири дезинформацијата, па беше преземена од Полски Новости, со додавката дека интернационален Вишеград Фонд потврдил за неа дека се случила.
Но, портпаролката на Фондот, Луција Бекова за „Си Ен Ен“ во мејл рекла дека Фондот не објавил таква информација.
Дезинформацијата ја објавија англиски „Индепендент“ (но подоцна ја поправи приказната), „Дејли Мејл“ (ја избриша), „Хиндустан Тајмс“ како и „Вашингтон Егзаминер“ и „Дејли Колер“.
А, дека тврдењето за 10 милионската донација на Ди Каприо е невистинито, исто така, оценија и проверувачите на факти на „Политифакт“.
Што се однесува до приказната дека баба му на Ди Каприо била со украински корени, таа никогаш не беше атрибуирана на солиден извор и циркулира на интернет со години. Нговата баба починала во Германија во 2008 година каде што и живеела, а каде е родена не е познато.
Поради сите горенаведени околности оценуваме дека не е вистина дека Леонардо Ди Каприо донирал 10 милиони долари за Украина и дека нема докази дека баба му е со потекло од Одеса.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар