Лепрата е инфективна болест и не е последица на вакцинација

Фото: Wellcome Collection gallery (2018-03-22), CC BY-SA 4.0

Лепрата претставува хронична инфективна болест, се споменува во литературата многу порано пред да постојат вакцините. Таткото на вакцинологијата во западниот свет се смета дека е Едвард Џенер кој во 1796 година, вакцинирал 13 годишно дете. Според Британика, пак, најстариот доказ за лепра е од човечки скелет стар 4 илјади години, откриен во Индија, кој имал ерозивни траги слични на тие кај скелетите на луѓето болни од лепра во Европа во Средниот век. Што значи, лепрата е споменувана уште од античко време, а вакцинацијата како процес се појавува многу подоцна, така што тврдењето во постот дека лепрата не е заразна болест туку последица на вакцината против сипаници, не е вистинито

Лепрата претставува хронична инфективна болест, се споменува во литературата многу порано пред да постојат вакцините. Таткото на вакцинологијата во западниот свет се смета дека е Едвард Џенер кој во 1796 година, вакцинирал 13 годишно дете. Според Британика, пак, најстариот доказ за лепра е од човечки скелет стар 4 илјади години, откриен во Индија, кој имал ерозивни траги слични на тие кај скелетите на луѓето болни од лепра во Европа во Средниот век. Што значи, лепрата е споменувана уште од античко време, а вакцинацијата како процес се појавува многу подоцна, така што тврдењето во постот дека лепрата не е заразна болест туку последица на вакцината против сипаници, не е вистинито

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се наведува следното:

09.07.2022

Денес знаеме дека лепрата не е заразна болест, туку последица на вакцината против сипаници. Затоа, не се работи за инфекција, туку за труење.

Лепрата беше непозната на Сендвичките Острови (Хаваи) до многу години по доаѓањето на Европејците и Американците, кои воведоа вакцинација.

Што е лепра?

Тврдењето дека лепрата не е заразна болест туку последица на вакцината против сипаници, не е вистинито. Лепрата, (потекнува од грчкиот збор λέπι – рибја кожа), наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, претставува хронична инфективна болест датира уште од античко време, а позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на лепрата е бактеријата Mycobacterium leprae која денеска може успешно да се лекува со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест е од неколку месеци до четириесет години. Лепрата не е лесно заразна болест, а за да се пренесе од еден на друг човек, потребен е долготраен контакт со заболениот. Симптомите на лепрата може да се различни и варираат од пациент до пациент. Главниот симптом е умртвување на нервите и промена на крвните садови поради што доаѓа до појава на згрутчување на крвта. Заболениот губи чувство за ладно, топло и не чувствува болка. Затоа заболените се инфицираат без да почувствува болка и потреба од лекарска интервенција и помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од секундарните инфекции. Иако болеста не е комплетно искоренета, сепак е ограничена и е под контрола. Најголем број заболени има во Индија, а проблем е и во Африка во Танзанија и во Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).

Ширум светот, имало повеќе од 202 илјади нови случаи на лепра во 2019 година според Светската здравствена организација. Повеќе од 16 милиони луѓе биле излекувани од оваа онеспособувачка болест откако третманите станале достапни во 1980 те години. Првото достигнување било во 1873 година, кога доктор Армауер Хансен од Норвешка открил дека лепрата е предизвикана од бактеријата Микобактериум лепрае. До 1940 година имало веќе достапен лек за третирање на лепра, а до 1960 уште два дополнителни лека. Денеска сите три се употребуваат за да се третира ова заболување.

Во 1981 година СЗО препорача да се користи комбинација од три антибиотици: „дапзон“, „рифампицин“ и „клофазимин“ за третман кој може да трае од шест месеци до една година. Во 2018 година СЗО продолжи да препорачува пристап со повеќе лекови, но додаде и доза од „рифампицин“ за превенција на лепра меѓу семејствата, пријателите и други социјални контакти на потврдениот случај. Од 1995 година лековите се бесплатни. За време на третманот, телото може да реагира на мртвата бактерија со болка и отоци на кожата и нервите. Ова се третира со лекови. Во 2020 година, СЗО издаде насоки за третирање на запаленијата што ги добиваат околу половина од случаите.

Лепрата се споменува во литературата многу порано пред да постојат вакцините. Како што наведува СЗО на својата страница станува збор за болест опишана во литературата и на античките цивилизации. Низ историјата луѓето кои биле погодени од лепра честопати биле сегрегирани во своите семејства и општества.

 

Мали сипаници

Малите сипаници, пак, се предизвикани од вирус кој припаѓа на фамилијата Paramyxoviridae и вообичаено се пренесуваат преку воздушно-капков пат и директен контакт. Вирусот го инфицира респираторниот тракт, а потоа се шири низ организмот.

Според Институтот за јавно здравје, вакцинацијата против мали сипаници, резултирала со пад на смртноста од ова заболување за 80 проценти во периодот меѓу 2000 и 2017 година во целиот свет. Во 2017 година, околу 85 проценти од децата во светот добиле една доза вакцина против мали сипаници на нивниот прв роденден, преку рутински здравствени услуги во споредба со 72 проценти во 2000 година.

Пред воведувањето на вакцината против сипаници во 1963 година и пред вакцинацијата да биде широко распространета во светот,  просечно на две до три години  се појавувале големи епидемии на мали сипаници, предизвикувајќи по проценка 2.6 милиони смртни случаи секоја година.

Засилените активности за имунизација имале големо влијание врз намалувањето на смртноста од ова заболување. Во текот на периодот од 2000-2017 година, вакцинацијата против мали сипаници спречи околу 21,1 милиони смртни случаи. На глобално ниво, бројот на смртни случаи од мали сипаници се намали за 80 проценти од проценетите 545.000 во 2000 година на 110.000 во 2017 година.

Според наведеното на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, повеќето смртни случаи поврзани со мали сипаници се предизвикани од компликации со оваа болест, кои пак, се почести кај децата на возраст под пет години или кај возрасните над 20 години. Најсериозните компликации се слепило, енцефалитис, дијареа и дехидратација, инфекции на увото или тешки респираторни инфекции и пневмонија. Тешките форми на мали сипаници се поверојатни кај слабо ухранети мали деца, особено кај тие со недостаток на витамин А и чиј имунолошки систем е ослабен.

ИЈЗ посочува и дека во популации каде е висок процентот на недоволна ухранетост и недостаток на соодветна здравствена заштита, до 10 проценти од случаите на мали сипаници резултираат со смртен завршеток. Жените инфицирани во текот на бременоста, исто така, се изложени на ризик од тешки компликации, а бременоста може да заврши со спонтан абортус или предвремено породување. Луѓето кои прележале мали сипаници се отпорни на заболувањето до крајот на нивниот живот. Невакцинираните мали деца се во најголем ризик од заболување од мали сипаниции, компликации, вклучувајќи и смрт. Невакцинираните бремени жени се исто така изложени на ризик. Секое лице без имунитет кон ова заболување (невакцинирано или вакцинирано лице кое не развило имунитет) може да се зарази.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека лепрата не е заразна болест. Не е точно дека лепрата е предизвикана од вакцина против сипаници и дека се работи за труење, а не за инфекција. 

Таткото на вакцинологијата во западниот свет се смета дека е Едвард Џенер кој во 1796 година, вакцинирал 13 годишно дете. Според Британика, пак, најстариот доказ за лепра е од човечки скелет стар 4 илјади години, откриен во Индија, кој имал ерозивни траги слични на тие кај скелетите на луѓето болни од лепра во Европа во Средниот век. Што значи, лепрата е споменувана уште од античко време, а вакцинацијата како процес се појавува многу подоцна и тоа е само една од причините зошто е теоретски неможно (покрај тоа што е и практично невистинито) вакцината да предизвикува лепра. 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција