Лидија Чевреска: Нема разлика во лекот, тоа е како наместо кафетин да земете аналгин

Болните од хронична миелоична леукемија исплашени за своето здравје реагираат на тоа што повторно им се менува терапијата со која се лекуваат, по само девет месеци откако им беше воведена.

Директорката на Клиниката за хематологија, Лидија Чевреска, вели дека новиот лек е иста генерика со оној што пациентите претходно го примале, а разликата била, како што објасни сликовито, дека за болка во глава може да се земе кафетин, но и аналгин.

lidija-chevreska
Лидија Чевреска, директорка на Клиниката за хематологија

Образложение:

Според пациентите консултирани од Плусинфо:

Ние тука се чувствуваме како експериментални глувци, терапијата што нигде не се дава за нашата дијагноза, во Македонија нам ни се наметнува. За какво современо здравство зборува министерот Никола Тодоров

Пепо Леви, претседател на Здружението на болни од миелоична леукемија:

Новиот лек е од словенечки производител, а во Словенија речиси и да не се користи за лекување на пациентите со хронична миелоична леукемија, што е референца за неговиот квалитет. Треба да се каже и дека според медицинските протоколи лекот не би требало да се менува барем една година ако дава добри резултати во лекувањето, а сега промената е по девет месеци – вели.

Членот 39 од Уставот вели:

На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Во Универзалната декларација за човекови права стои:

Секој има право на живот, слобода и сигурност

Членот 5 став 3 од Законот за заштита на правата на пациентите вели:

Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување.

Во член 6 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите стои:

Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција.

Во член 12 од Законот за заштита на правата на пациентите се вели:

Пациентот има право, со писмена и потпишана изјава да одбие прием на информација за природата на својата здравствена состојба и очекуваниот исход на предложените или преземени медицински интервенции.

Според Претседателот на здружението на болни од миелоична леукемија, Уставот, Законот за правата на пациентите и Универзалната декларација за човекови права може да се заклучи дека изјавата на директорката на Клиниката за хематологија Лидија Чевревска е невистинита.

Оценил: Владо Ѓорчев

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција