Локвенец не рекол дека ќе се гради пруга од скопскиот до охридскиот аеродром

Фото: skp.airports.com.mk

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот аеродром и Скопје со скопскиот аеродром. А не дека ќе има воз и железничка линија помеѓу овие два града

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот аеродром и Скопје со скопскиот аеродром. А не дека ќе има воз и железничка линија помеѓу овие два града

 

Објава  на Фејсбук тврди дека директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец рекол дека ќе се гради пруга којашто ќе ги поврзува скопскиот и охридскиот аеродром. Ова не е точно, Локвенец не изјавил вакво нешто.

Хари Локвенец вика ќе се гради пруга од скопскиот аеродром до охридскиот. Абе Хари маму ти **ам преварантско, доста со л’жги

Објавата на Фејсбук што е предмет на оваа рецензија, тврди дека директорот на Македонски железници – Инфраструктура изјавил дека ќе има воз којшто ќе сообраќа помеѓу двата комерцијални аеродроми што ги има Македонија – аеродромот во главниот град Скопје и оној во Охрид.

Но, Локвенец никогаш нема изјавено вакво нешто. Точно е дека тој во интервју за порталот Локално, вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга.

Имено, поврзувањето на аеродромите ќе биде со градовите во чијашто близина се наоѓаат аеродромите. Па така, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот аеродром и Скопје со скопскиот аеродром. А не дека ќе има воз и железничка линија помеѓу овие два града.

На прашањето „Дали и кога можеме да очекуваме целосно функционален железнички транспорт и максимална поврзаност на регионите во државата?“, Локвенец во интервјуто за порталот Локално набројува повеќе проекти за реализација на Македонски железници – Инфраструктура, дел започнати дел планирани за иднина. Како дел од тие проекти го спомнува и поврзувањето на двата аеродроми со најблиските градови односно охридскиот аеродром со Охрид и скопскиот аеродром со Скопје.

Како ЈП  Македонски Железници Инфраструктура насочени сме кон реализација на долгонајавуваниот на источното крило од Коридорот VIII кон Република Бугарија и финална подготовка на документацијата за западното крило кон Република Албанија. Со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром. Покрај тоа, заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица Бакарно Гумно која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар. Преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно, но не и по важност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027 г. додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, вели Локвенец.

Изградбата на железничка линија до скопскиот аеродром беше вклучена во Националната транспортна стратегија на земјава за периодот 2018-2030 година, но и во владината програма за работа за периодот 2020-2024 година.

Според податоците наведени во Националната транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година е предвидено дека воведувањето на аеродромскиот воз би чинело 30 милиони евра. Овие средства би биле потребни да се изгради пругата до самиот аеродром, железничка станица во близина на аеродромската зграда, како и да се набават нови возови за одржување на релацијата со центарот на Скопје.

Она што Локвенец го кажува во интервјуто и она што се тврди на Фејсбук се две различни работи. Бидејќи тој никогаш нема изјавено дека двата аеродроми меѓусебно ќе бидат поврзани со пруга, оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција