Љупчо Георгиевски: Проблем со процентите

Во интервјуто за МИА, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски, изјавува:

Вкупно ќе бидат изградени 104 километри нови автопатишта. Имајќи во предвид дека во моментот се гради делницата од Демир Капија до Смоквица (дел од Коридор Х) во должина од 28 километри може да се види дека во наредните неколку години ќе бидат изградени севкупно 132 километри нови автопатишта, што во однос на сегашната должина од 262 километри претставува зголемување на вкупната должина на автопатската мрежа за околу 64 проценти.

ljupcho-georgievski

Тоа што е спорно во оваа изјава е што ако добро се анализираат процентите, ќе се забележи дека постои проблем со пресметката на господинот Георгиевски. Се чини дека математиката на директорот му е една од послабите страни. 132 километри нови автопатишта во однос на сегашните 262 километри не е зголемување од 64 проценти, туку од 50,4 проценти.

На кој начин и по кои критериуми е дојдено до овие 64 проценти не можеме да утврдиме. Она што нас ни останува е да се надеваме дека изградбата на патишта на директорот му оди од рака многу подобро отколку математичкото пресметување на процентите.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција