Мајк Пенс ниту е клон, ниту убил 186 бебиња, ниту се обидел да го убие Доналд Трамп
Во вирален пост на Фејсбук се изнесени скандалозни тврдења дека потпретседателот на САД, Мајк Пенс, и поранешен гувернер на државата Индијана, е клон, а дека ,,вистинскиот Мајк Пенс е егзекутиран на 4 јули минатата година”. Во постот паушално се додава и дека ,,Пенс бил обвинет и гонет за убиство на 186 бебиња и дека двапати се обидел заедно со Пол Рајан да го убие Доналд Трамп”
Со оглед на фактот што за ваквите обвинувања не може да се најде никаков извор и со оглед на тоа што тврдењата во постот се непоткрепени со било каков аргумент, овој пост го сметаме за невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар